Регистерска табличка со ознака „R“ продадена за три милиони евра

Регистерска табличка со само една буква е продадена во Хонг Конг за неверојатни три милиони евра…

Ова се случи минатата недела на државната аукција во Хонг Конг, каде што купувачот на регистрацијата со ознака „Р“ („R“) ја зголеми почетната цена од 500 евра на три милиони.

Целата сума ќе биде уплатена во државната каса од каде ќе биде донирана во хуманитарни цели, пишуваат светските информативни агенции.

Според Bankokpost, посебна карактеристика на регистарската табличка е поврзаноста со тркачките автомобили и традиционалното верување дека буквата Р носи среќа.

Додека ја напушташе аукциската сала во конгресниот и изложбен центар Ван Чаи (Wan Chai),  понудувачот кој „победи“ на аукцијата не сакаше да одговори на прашањата од медиумите.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработени во Tesla скришум симнувале видео снимки од возилата и ги споделувале!

Opel Insignia со 66 литри дизел поминала 2095 км….

BMW Baby Racer

10 електрични половни автомобили на кои најбрзо им паѓа вредноста

Продажбата на автомобили со батерии во Германија повторно силна, но не и на хибриди

Нешто за рубриката „невозможна мисија“

Oд најгрдиот автомобил на светот направиле тркачки болид од 1300 КС

Електричната Mercedes Benz G Class е незапирлива

„Анонимец“ во Шпанија ги надмина Alfa Romeо, Hondа и Suzik…