Рекордна цена за Lancia Delta Integrale

Lancia HF Integrale Edizione Finale оствари рекордна сума за време на аукцијата што ја одржаа Silverstone Auctions.

Високата цена главно беше последица на малата километража, пишуваат светскит агенции и специјализираните портали .

Фановите на мотоспортот знаат дека Lancia Delta HF Integrale доминираше за време на натпреварувањето на Светскиот рели шампионат кон крајот на 80-тите и раните 1990-ти.

Направени се и бројни улични верзии, кои оттогаш значително ја зголемија својата вредност.

И покрај тоа, експертите за автомобили сепак беа изненадени кога видоа дека некој дал 252.989 евра за ова Lancia HF Integrale Edizione Finale.

Преголемата цена делумно се должи на малата километража од само 5.400 километри.

Делумно поради тоа, автомобилот е во нова состојба. Автомобилот е исто така дел од специјалната серија, од кои се направени само 250 примероци (2,0-литарски мотор со 211 КС).

Lancia е купен пред 13 години од британски колекционер кој оттогаш не го управувал, а новиот сопственик на моделот од 1995 година, купен на аукција на Silverstone Auctions е непознат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Замената за Chevrolet Camaro ќе биде електрична лимузина

Електричен Citroen DS

Bentley Bentayga со фелни од карбонки влакна

Убавицата и Peugeot  208

LA Renault 5 Turbo 3 рестомод- Експлозија на 400 „грла“ во класично руво

Lamborghini 63 луксузна јахта/глисер со 4000 KС и топ брзина 111км/ч

Купувачите на новата Toyota Land Cruiser од Јапонија не можат да ја препродаваат година дена

Тркачки Audi RS Q E-Tron најавен за Dakar Rally 2022

Alpha Superwolf