Renault 5 Prototype 5 ја освои наградата за концептен автомобил на годината

Car Design News го организира 8-то издание на изборот на концептен автомобил ан годината за магазинот Car Design News- Жири составено од Директори на дизајнот  на најголемите брендови на автомобили го избраа Renault 5 Prototype за концептниот автомобил на годинатав-Дизајнерите ја пофалија брилијантната реинтерпретација на овој легендарен автомобил

Целта на Renault 5 Prototype е да ја покаже посветеноста на Renault да ги направи електричните автомобили достапни за што е можно поголем број европски клиенти.

 

Дизајнерите на Renault сакаа да дизајнираат нов популарен, неопходен автомобил, како неговиот елегантен предок, кој некогаш ги освои срцата на голем број клиенти.

Renault 5 Prototype е шармантен и компактен градски автомобил кој носи во иднина една од ѕвездите на  Renault на сите времиња, со допир на 100% електрична модерност.

Renault 5 Prototype беше прогласен за концептен автомобил на годината од страна на престижниот магазин Car Design News, откако имаше можност да ги спореди силните страни со концептите презентирани од производителите на автомобили во периодот од март 2020 година до март 2021 година.

Car Design Review 8 дава преглед на годината во однос на дизајнот и ги анализира трендовите и иновациите.

Жирито е составено од автомобилски експерти и директори за дизајн од водечки производители на автомобили.

 

Жил Видал (Gilles Vidal), Renault директор за дизајн , по повод признанието рекол: „Оваа награда за концептуален автомобил на годината за дизајн на автомобил, доделена на Renault 5 Prototype од жири составено од дизајнерски директори на водечки производители на автомобили, има посебно значење за дизајнерскиот тим на Renault!! -Многу сме горди на неа. Горди сме и на изразениот интерес на печатот и јавноста за Renault 5 Prototype, бидејќи надворешноста ќе биде повеќе од 90% верна на онаа на серискиот автомобил! “.

Масовното (сериско) произведено возило произлезено од Renault 5 Prototype ќе биде претставено до 2024 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобил на годината за 2022: новиот PEUGEOT 308 – финалист

Италија не ска да ги забрани моторите со внатрешно согорување од 2035

Отповик во Maserati –Можно протекување на гориво и пожар!

Познати финалистите во Изворот „Автомобил на годината во Европа“ за 2022

Во наредните 7 дена пониска цена на бензините, дизелот без промени

Дигиталната презентација на подновената ŠKODA KAROQ закажана за утре

Русија со акцизи за еко- горива налик на тие за за нафтени деривати

Владата на Јапонија со финансиска поддршка за производителите на чипови

Офанзива на Alfa Romeo во наредниот период