Renault Arkana хит во Европа

Француската марка го погоди самиот центар на целта со Arkana, а доказ за тоа е продажниот успех на овој модел.

Овој SUV налик на coupe, базиран на Captur, успеа да забележи одлични комерцијални резултати за многу кратко време. Во првиот квартал од оваа година, Arkana беше трет најпродаван модел на Renault со 18.996 регистрации регистрирани на Стариот континент! Само во март беа продадени повеќе од 7.700 примероци од овој crossover/coupe модел…

Пред него се само Clio и Captur, кои во неодамна завршениот квартал извршија 38.000, односно 33.000 испораки. Така, Renault ја најде вистинската мерка кога е Arkana во прашање. Овој автомобил успеа да го надмине некогашниот ас на француската марка Megane а што се однесува до останатите модели под капата на Renault, никој не е „дури до колена“.

За Arkana е интересно што во портфолиото нема дизел мотор, улогата на „штедач“ е посветена на класичниот хибриден погон. Во моментов повеќе од половина од испорачаната Arkana модели доаѓаат токму со таков хибрид.

Покрај тоа, тука е и класичниот турбо бензински мотор 1.3 TCe, кој е достапен во две верзии – со 140 КС (ТЕСТ) и 160 КС.

Во Renault истакнуваат дека очекуваат нивниот SUV новитет да продолжи со силна продажба до крајот на годината во Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Fiat 500 electric најпродаван EV автомобил во Европа

Mercedes B Class во 2025 година ќе замине во историја

Новиот Mercedes GLC на најавни слики

Tеsla повлекува 130.000 возила

Toyota годинава очекува пад на оперативниот профит

Признанија на списанието Autocar за Питер Шрејер и Kia EV6

Mercedes на вонреден сервис повикува речиси 300.000 автомобили

Можно враќање на GM во Европа

Цените на бензините повторно растат, дизелот поевтинува