Renault Arkana – може да биде француски BMW Х4 во Европа до 2021

Производителот на автомобили од Франција Renault најави опција за проширување на SUV понудата на пазарите во Европа со појава на Arkana во Русија, каде беше лансиран во почетокот на оваа година…

Но, за разлика од моделот продаван во Русија, европскиот Arkana треба да добие неколку надградби и измени, а се очекува и RS Line изведбата со специфични стилски карактеристики.

На тој начин би можеле да понудат „ривал“ на BMW X4, исто така атрактивен и, приближно, динамичен, но со многу поатрактивна – поприфатлива цена!

 

Французите најавуваат дека централната конзола ќе биде дополнително подигната внатре за да се понуди полесен пристап до информативно – забавниот систем и менувачот на брзини.

Исто така ќе има и проширување и подобрување на погонската гама , па се предвидува дека од европската понуда ќе биде изземен  бензинскиот мотор со четири цилиндри и работен волумен од 1,6– литри, со 114 КЅ и пет -степен мануелен менувач.

Неговата позиција во гамата би требало да ја добие исто така бензинец, со четири цилиндри, со работен волумен од 1,3 -литри, засилен со турбина и со моќ од 150 „коњи“ – TCe 150, во комбинација со  X-Tronic CVT систем за трансмисија на силата.

Секако, се очекуваат и други погонски единици, меѓу кои и хибридни, да бидат додадени во понудата.

Нивото на опрема на актуелниот Arkana е солиден , со 8-инчен информативно – забавен систем и екран на допир, Android Auto, Apple CarPlay, Bose аудио систем, амбиентално осветлување , системи за безбедност, помеѓу кои и  360 степени камера и следењето на слепите точки.

Во односнот на погонот на сите тркала стои дека е задолжителен и чини 100,000 рубли, што е еднакво на 1.554 евра, со напомена дека на пазарот во Русија основниот Arkana чини 14.340 евра.

Ако и кога овој SUV модел со coupe форма би стигнал на пазарите на ЕУ, тој ќе се позиционира помеѓу Captur и компактниот Kadjar.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Ford Bronco нема непристапен терен!

Tesla подготвува уште еден pick-up, покрај Cybertruck

Infiniti станува Nissan plus!

Lexus IS ситно брои до глобалната премиера на новата гeнерација

10-те најпопуларни автомобили во Германија

Porsche Behind the scenes: Ново доживување за сопствениците на возил од  брендов

Првиот човек на Tesla ја доби првата исплата од oколу 800 милиони долари

Електричен Hercules Alpha

BMW M2 (2021): нов ултра-спортски дериват на баварскиот компактен тркач