Renault City K-ZE електричен SUV промовиран во Шангај 2019

на актуелниот салон за автомобили во Шангај премиера има уште еден целосно електричен автомобил на Renault- City K-ZE, позициониран во компактниот А-сегмент

Францускиот дел од алијансата  Renault Nissan Mitsubishi при тоа соопшти  дека до 2022 година, девет нејзини автомобили ќе се произведуваат во Кина, а повеќето ќе бидат SUV креации, додека пак, три ќе бидат со целосно електричен погон.

Премиерата во Шангај на Renault City K-ZE е глобална, а моделот ќе биде лансиран прво на кинескиот пазар и доаѓа само шест месеци по дебито на  концептот што инаку беше прикажан на интернационалниот салон за во Париз.

Renault City K-ZE ги поседува сите типични параметри за SUV возилата, вклучувајќи и клиренс ( најмалото растојание до подлогата) од 150 mm, а благодарение на растојанието помеѓу оските од 2.423 mm, ветува просторен ентериер и багажник со зафатнина од 300 L.

Полнењето на батеријата на електричниот модел може да се остварува директно од домашна електрична инсталација, а и преку посебна специјализирана инфраструктура.

При брзо полнење, батериите до 80% од својот капацитет се полнат за само 50 минути, а во домашни услови за целосно полнење, потребното време е четири часа.

Renault City K-ZE е паметен автомобил, што доаѓа со одредена апликација за мобилен телефон, посебен систем за следење и контрола на квалитетот на воздухот во кабината, осум -инчен интегриран екран со гласовни команди …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Venue и официјално во Њујорк 2019!

Подновениот Audi R8 претставен во Њујорк 2019

Peugeot 508L PHEV со глобално деби на Шангај 2019

Глобална премиера на Porsche Cayenne Coupe во Шангај 2019

Шангај -светска промоција на првиот целосно електричен автомобил на Aston Martin

Во Шангај VW покрај Uz I.D. Roomzz concept и со SMV Concept и SUV Coupe Concept

Volkswagen ID. Roomzz Concept во Шангај 2019

Уловен новиот Ferrari FXX K Evo

Peugeot e-208 сака да биде најдобар автомобил на струја од ниската класа!