Renault Clio најпродаван во Европа

Во Европа, бројот на регистрирани возила во мај падна за дури 57% во однос на минатата година, а во текот на првите 5 месеци од оваа година, забележан е вкупен пад од 43%…

Може ли оваа 2020 некако да се прескокне? Веројатно сите се прашуваат, дури и водечките луѓе од автомобилската индустрија.

ЈАТО повторно излезе со детално истражување и ги потврди гласините.

Продажбата на возила е со многу лоша „крвна слика”.

Од сите возила, SUV моделите имаат пазарно учество од дури 40% .

Додека, на пример, регистрацијата на електрифицирани возила падна за само 8%.

Пандемијата продолжува да се рефлектира во секторот на продажба.

Регистрацијата на нови автомобили падна за 57% во мај, на вкупно 622.067 единици на 27 пазари во ЕУ.

Само во 2020 година е забележана продажба на 3,95 милиони возила, што е за 43% помалку од истиот период лани.

Иако сето ова се чини многу лошо, резултатот од мај бележи позитивен тренд, во споредба со падот забележан во април, кога испораките беа намалија на 78% во споредба со истиот период минатата 2019 година.

Од друга страна, Renault Clio е најбараниот модел во Европа со доставени дури 16.028 возила, а во првите три се и новиот VW Golf 8 (13.155) како и Peugeot 208 (10.977).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

WEY Project 01

Kia Sorento Hybrid и официјално стартува со производство

Новата Opel Mokka  со ново лого на Opel

Произведен првиот Aston Martin DBX

Ексклузивно- Toyota денес открива нов модел – crossover базиран врз Corolla?

Најавен нов Haval H6

Вуков од сезонава со Порше Карера во нов предизвик: Голем предизвик за мене!

Citroën C5 во 2021 ќе атакува на VW Passat!

Daimler ја продава фабриката на Smart, можен купувач- Ineos, производител на Grenadier. наследник на класичниот Defender !