Renault доби нов шеф на дизајн Алехандро Месонеро-Романос

Новиот извршен директор на францускиот бренд, Лука де Мео, наводно, започнал да носи нови лица во Renault …

Европските стручни медиуми наведуваат дека Алехандро Месонеро-Романос (Alejandro Mesonero Romanosе) е новиот шеф на одделот за дизајн во Renault.

Ова не би било за прв пат да работи за француска компанија, со оглед на тоа дека тој бил вработен таму од 2001 до 2009 година.

Месонеро-Романос досега ја извршувал функцијата шеф на дизајнот во Seat.

Renault сè уште не потврди дали Шпанецот се приклучува кон нивните редови, и ако е така, дали тоа значи дека сегашниот директор задолжен за дизајн, Лоренс ван ден Екер, ќе биде отпуштен од работа или ќе биде префрлен на друга позиција во француско – јапонската Алијанса?

Тоа се неколку прашања на кои ќе се одговори, најверојатно, во наредните денови.

Ако Seat за време на управувањето нa Лука де Мео се разликувал во нешто од остатокот на групата VW, тогаш тоа секако е дизајнот, кој беше значително различен, да не речеме поатрактивен, од тоа што можевме да го видиме со другите брендови од оваа група, но секако подинамичен и орјентиран кон помлади клиенти.

Така, Алехандро Месонеро-Романос, за време на својата работа во шпанската компанија, беше задолжен за појава на неколку модели.

Тој успеа со дизајнот на моделите Atecа, Aronа и Tarraco, како и на новата генерација Leon, Cuprа Formentor, но исто така и на концептуалниот El-Born модел…..

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ford ги запре испораките на Kugа PHEV поради опасност од самозапалување!

Mitsubishi од септември ги запира испораките на SUV возила во Европа

Уште еден познат автомобил исчезнува од пазарот во САД!

Toyota Corolla – Најпродаван автомобил во првата половина на 2020 година

Шефот на РЅА Opel од идната година ќе носи профит

Golf се врати на врвот на Европа!

SEMA сепак го откажа настанот за 2020 година

Продажбата на Lada го достигна нивото пред кризата и продолжува да расте!

Во Франција расправа за локацијата каде ќе се прави електричната Dacia