Renault E – Teck и LEGO

Комбинацијата на долгогодишното искуство во развојот на електрични возила и Формула 1, како и ентузијазмот и страста на нашите сопствени инженери, заедно со развојните и контролните тимови му помогнаа на Ranault  да го развие иновативниот хибриден мотор E-TECH.

Она што е помалку познато е необичната и особено инспиративна приказна за нговото потекло.  Сè започна со модел изработен од LEGO коцки, за што повеќе детали ни открива Николас Фремау (Nicolas Fremau), експерт за хибридна архитектура на Renault.

Во времето на воведувањето на своето електрично возило во 2010 година, Renault истовремено се обидуваше да развие хибридна технологија што во голема мера ќе го олесни преминот на поширокиот опсег на клиенти кон целосно електрични возила.

Затоа, инженерите и експертите требaа да му предложат на раководството на компанијата идеално решение кое ги исполнува следниве услови: достапно, лесно, погодно за возила од сите големини и со минимум 50 км целосно електричен досег. Со други зборови, новиот погон требаше да обезбеди ефикасна хибридизација на сите модели.

„Да се ​​развие достапен, но едноставен хибриден погон за Megane и Clio беше вистински предизвик “, рече Николас Фремау, експерт за хибридна архитектура на Renault

Состави, продупчи, залепи

За Никола Фремау, главниот дел од погонот е секако електричниот мотор; тоа е алката што го задвижува возилото. Но, каков вид на менувач може да се комбинира со термички и електричен мотор?

Бидејќи целиот склоп мораше да биде едноставен, компактен и лесен, Фремау смисли радикално решение: менувач без синхронизација на спојка и запчаник. Постои технологија што го овозможува ова, менувач „ dog-clutch“ што се користи во мото-спортот.

„Кога го видов мојот син како си игра со запчаници LEGO Technic дома, помислив дека не е толку различно од она што би сакал да го сторам. Затоа малку по малку ги купив сите делови што ми беа потребни за да го составам погонот “.

Божиќните празници Николас Фремау ги искористил за да состави модел на иновативен тристепен менувач засновани на скица на LEGO коцки.

„Како прво, сакав да направам модел за да разберам што треба да направам. По дваесет часа работа под будното око на мојот син, кој не го криеше изненадувањето, успеав во тоа “, објаснува Фремау.

Но, за да се развие нов погон, не беше доволно само да се соберат коцките. Николас мораше да собере различни оски и прстени за пренос, да ги залепи и да ги дупчи за да можат да бидат вградени во носачите, за на крајот да ја задвижат целата работа…

Тоа беше вистинска инженерска работа што му дозволи да „тестира“ во живо различни начини на работа на два мотори .

Покрај тоа, тој дошол до заклучоци што не ги имал предвид во теоретската анализа.

Сето тоа го зајакна неговото верување дека е на добар пат со овој прототип, несомнено најевтиниот во историјата на Remault.

Tоа било подеднакво изненадувачко и неочекувано, колку што и самото техничко решение беше иновативно.

Ако можеме да направиме прототип од коцки…

Но, што ќе кажат за сето ова директорите на кои им беше претставен овој модел, Реми Бастиен (Rémi Bastien) и Жерар Детурбет (Gérard Detourbet кој почина во 2019 година), „таткото“ на првата палета на возила на Dacia, кој знаеше сè за едноставни, евтини решенија?

Никој не можел да знае

„Од секогаш  Renault имал многу отворен пристап, особено кога станува збор за истражување. Но, денот кога им го претставив моделот на менаџерот на проектот Жерар Детурбет и директорот за истражување Реми Бастијан, не знаев како ќе реагираат. Тие кружеа околу моделот, го допреа и наскоро сфатија дека вистинската работа е пред нив. Секогаш ќе ги паметам зборовите што ги рече Жерар Детурбет во тоа време: ‘Ако можеме да го направиме од LEGO коцки, тоа сигурно ќе функционира!’ “

Но, таквото одобрување не падна од небото. Никола и неговите колеги мораа да се обврзат дека овој концепт ќе заживее за само 18 месеци! „Тоа беше предизвик за целиот оддел за истражување и инженерство. Моравме да ангажираме луѓе со вистински вештини на полето на управување, механичкиот дизајн итн. “ Се сеќава Николас Фремау.

За мал тим експерти кои го пишуваат хибридното поглавје во инженерството на Renault, најтешкиот дел штотуку започна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Renault Arkana изненади на слалом тестот 77km

Роботизиран пешачки преми. Вештачка интелигенција одлучува за интервалите

BOSCH ја напаѓа Европа поради сеопфатната електрификација!

Hyundai подготвува перформанс модел на струја

FIAT 500 со Safety mode на батеријата штеди струја каки мобилен телефон

Во Кина претставен EV што прочистува воздух!

По Volvo и Renault ја ограничи брзината на своите возила на 180 км/ч

Alfa Romeo ja напушта Giorgio платформата

Toyota развива нов Hydrogen мотор