Renault Kadjar ќе добие електричен наследник

Британските медиуми наведуваат дека Renault подготвува целосно електричен теренец кој ќе го замени сегашниот Kadjar…

Премиерата се очекува на крајот на наредната 2022 година на саемот во Париз, а почетокот на продажбата на почетокот на 2023 година.

 

Автомобилот ќе ја користи платформата CMF-EV, а се очекува да биде долг до 4700 mm, додека растојанието помеѓу оските ќе изнесува до 2780 mm.

Kadjar е долг 4489 мм и има растојание помеѓу оските од 2646 мм.

Ова значи дека новиот електричен теренец ќе понуди повеќе пространа внатрешност, како и поголем багажник.

Тука исто така треба да се спомене новиот информативно забавен систем OpenR, како и екран на допир од 12,0 инчи и дигитална табла со инструменти од 12,3 инчи.

Во гамата се очекува послаба верзија со 215 КС и батерии од 60 kWh, како и варијанта со батерии од 87 kWh и 239 КС.

Автономијата ќе биде до 500 километри, а со брз полнач ќе може да се наполни, до 80% од капацитетот на батеријата, за околу 35 минути.

 

Предвидена е и спортска ALPINE верзија, со погон на сите тркала.

На крајот, името Kadjar најверојатно нема да се задржи, но името на новиот модел сe уште не е познато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Берлин петиција за законот за забрана на автомобили во поголем дел од градот

Монтирањето на WV ID,3 трае 30 часа а на Tesla Model 3 само 10 часа

VW Group ќе гради фабрика а батерии во Источна Европа

Тesla Cybertruck само за пазарот во САД

Renault 5 Prototype 5 ја освои наградата за концептен автомобил на годината

Почна производството на електричниот Volvo C40 Recharge

Нема чипови – нема производство во фабриките на Škoda во Чешка

Opel останува без погоните во Риселсхајм и Ајзенах

Најпродавани автомобили на Апенинскиот полуостров