Renault Kadjar оди во пензија на сцена стапува Austral

Renault одлучи да „заврши“ со Kadjar и да лансира сосема нов crossover/ SUV модел во нова ера предводена од Лука де Мео…

Очигледно Kadjar не ги исполни очекувањата на раководството на францускиот бренд, па поради тоа  од централата доаѓа официјална потврда дека теренецот ќе замине во историја по актуелната итерација, а на негово место ќе дојде нов модел наречен Аustral.

Силвија дос Сантос, член на управниот одбор на Renault, изјави дека името Austral потекнува од латинскиот збор „Australis“. „Тоа е збор кој не асоцира на топлина, на јужната хемисфера. „Поканува да патуваме и е совршено име за SUV“, вели Дос Сантос.

Досега имаше неколку гласини за иднината на Austral но малку што е официјално потврдено од страна на Renault. Познато е дека ќе има должина од 4,51 m, а и дека ќе биде достапен во верзија со пет седишта.

Претходно беше најавено дека ќе ја користи платформата CMF-C, како и третата генерација на Qashqai.

Austral треба да биде достапна со класичен хибриден погон, но и со plug-in хибрид кој овозможува EV режим на експлоатација. Од Renault потврдија дека новиот SUV ќе биде претставен на пролет следната 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои половни автомобили се најпопуларни на Стариот континент

Салонот во Детроит во Септември, а во Париз во Октомври годинава

Honda Civic Автомобил на годината во Северна Америка за 2022

Од 2030 година Mercedes нема да нуди каравани

SsangYong доби нов сопственик

Peugeot и дефинитивно се откажува од враќање на пазарот во САД

Непрофитабилните марки во Stellantis немаат светла иднина!

Кои половни автомобили се најдоверливи- по класи

И Bentley со рекордна година