Renault Kangoo Ze concept визија за опстанок на врвот во класата!

Третата генерација на компактниот  MPV на Французите со својата атрактивна и функционална hi-tech изведба, на „мек хибриден“ бензинец 1.33 L и на унапреден 1.5 L дизел како и со електричната верзија ќе му конкурира на триото на  PSA: Berlingo/Partner/Combo

Приказната за Renault Kangoo почнува во 1997 година, со модел што бил направен на засилена концепција и механика на која една година потоа ќе се создаде и втората генерација на Clio.

Постигнал голем успех, а освен во Франција се произведувал и во Аргентина, Малезија и Мароко и станал хит, речиси измислен за семејни и деловни намени.

Неговиот успех бил мотив моделот од втората генерација порасне за еден број и во 2007 година се изгради врз платформата на која се конструираат и моделите Megane и Scenic  од втора генерација.

Дека навистина „ погодил во целта“, потврдува и фактот дека од 2012 година, кога е редизајниран, почнал да се произведува и како Mercedes-Benz Citan, односно да се продава 13–ет  години на пазарот и се уште добро да се продава.

Но, стаса време за пристигање на третата генерација и пред нас се сликите на концепт моделот Z.E., од кој наредната 2020 година ќе произлезе и пазарната верзија.

Атрактивниот стил ќе ја елиминира единствената мана на досегашниот (актуелен), функционален, но не премногу привлечен модел, а со него ќе продолжи и успешниот тренд за дизајнирање на Renault што просто експлодира во последните години.

Иако во прв план ќе се турка турбо – бензинската верзија 1.33, ќе продолжи и успешниот „од“ на турбо дизел моторот 1.5, a двете верзии ќе бидат „благи хибриди“.

Покрај поцврста, пофункционална и полесна изведба ( дури 100 kg помала маса) ќе се подобри и аеродинамиката, покрај сензационалниот, за таков тип на возила, коефициент на отпор на воздухот од 0,30.

Секако, ќе пристигне и целосно електрична верзија, a сите модели ќе понудат Ниво 2 на автономно возење.

Главни конкуренти на пазарот ќе му бидат од неговиот атар, тројката на PSA: Citroën Berlingo/Peugeot Partner/Opel Combo, секако и конкурентот од соседството, италијанскиот Fiat Doblo ...

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот  Ford Focus ST Wagon жежок семеен автомобил

Porsche Cayenne S Coupe со V6 и 440 КЅ!

Претставен новиот McLaren Gt нов диктатор во лигата!

Opel Grandland X отсега ќе вози и на струја со 300 КЅ!

Citroen со ултра удобен футуристички концепт -Citroen 19_19 concept

Porsche 911 Targa (2020.) уловена на тестирање на автопат

Dacia на струја пристигнува 2021 година

VW I.D. доби име I.D.3 на финално филигранско дотерување пред лансирање!

Ford Mustang Shelby GT-S co 700+ KS