Renault Megane eVision concept

Настанот eWays на Renault трае до 27 октомври, при што францускиот производител ќе претстави неколку визии со кои до 2050 година има намера да има нула емисија на СО2 во Европа, односно до 2030 година целта е да ги намали емисиите на СО2 за 50% во споредба со 2010 година…

Поминаа повеќе од десет години откако Renault  го лансира првиот Zoe. Денес 350.000 електрични возила на Renault поделени во 8 различни модели патуваат низ патиштата низ светот!

Покрај понудата на електрични автомобили, групацијата Renault нуди и цела палета на хибриди и plug – in хибриди

 

Mоделите Clio, Captur, Megane Berline и Megane Grandtour  со хибридна E-Tech и plug-in хибридна технологија што треба да се инсталираат во Megane Conquest што допрва треба да се појави во продажба.

Свесни за фактот дека електричните модели се наша иднина, Renault  организираше настан eWays што трае до 27 октомври, каде што ќе ја споделат својата визија за премин кон мобилност без емисии со презентирање на нови производи и технологии, со учество на тркалезни маси и предавања на релевантни теми.

Соодветно на тоа, целта е да се намалат емисиите на СО2 за 50% до 2030 година во споредба со 2010 година, односно се обврзува да има нула стапка на емисии на СО2 во Европа до 2050 година.

Така, до 2022 година, сите нови модели кои ќе пристигнат на пазарот ќе имаат електрична или електрифицирана верзија, на пазарот што за 5 години ќе има 50% од возилата напојувани од електрична енергија или хибриден погон.

На почетокот на настанот eWays, Renault го претстави концептното возило Mégane eVision, кое одново го осмислува компактниот hatchback со coupe и SUV елементи.

Целосно електричен, овој иновативен стил на концепт модел е конструиран на платформата CMF-EV дизајнирана за електрични возила.

Затоа, тој лесно отстапува од традиционалните димензии и правилата за дизајн на сегментот и претставува нови линии и пропорции.

Резултатот е hatchback со ограничени надворешни димензии, а со рекорден внатрешен простор.

Точно 25 години по неговото прво лансирање, сега започнува нова страница за Мegane.

Концепт моделот е долг 421 см, широк 180 см и висок 150,5 см и е создаден на платформа со меѓуоскино растојание од 270 см.

Динамичниот стил го истакнуваат и 20-инчните тркала со гуми Continental со димензии 245/40 ZR 20. Megene eVision тежи 1650 кг, а најголемиот дел отпаѓа на батерија од 60 kWh од 400V.

Го движи електричен мотор од 160 kW или 218 ks., чија моќност, односно вртежен момент од 300 Nm се пренесува на предната оска.

На располагање се полначи за наизменична струја –AC, од 22 kW и DC до дури 130 kW.

Забрзувањето од 0 до брзина од 100 км/ч трае помалку од осум секунди. Наместо да го понуди точниот опсег, Renault вели дека сериската верзија на овој концепт може да вози од Париз до Лион, или од Лондон до Њукасл, што е на растојание од околу 450 км, и тоа за исто времено како и возилата со мотори на внатрешно согорување, вклучително и со застанувањата.’

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет децении на брендот Range Rover

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Hummer се врати како моќен и целосно електричен pick-up!

VW ID.3 со пер ѕвездички на Euro NCAP

Hyundai i20 N и официјално

Уште еден автомобил на струја од Кина – NIO EE7

Fiat 500 Elletrica и во Abarth изведба

Се планира најмоќниот перформанс SUV на Баварците

Продолжен Bentley Bentayga LWB