Renault Megane R.S. Trophy-R напад на рекордот на Hondi Civic Type R на Рингот!

Со 330 KS, во overboost,од турбо бензинецот 1.8, одличното подвозје со управување со четири тркала (4Control) и технологија разработена во Formulа 1,  се подготвува на Ниргбург ринг да го собори рекордот за автомобилите со погон на тркалата од предната оска  (7:43.8)

Познато е дека Renault Megane R.S. Trophy е бомбардер, помеѓу спортските компактни.

Последните известувања на тест возачите на Top Gun верзијата R.S. Trophy-R, што се подготвува на Нирбургринг (Nürburgring) за соборување на рекордот, што во април 2017 година го постави во класата Honda Civic Type R (7:43.8), велат дека е „полут“ од кога и да е’.

Турбо бензинецот 1.8 со Twinscroll турбо полнач, каде притисокот на пред набивањето е зголемен на  2,2 бара е навиен на 330 KS (Megane R.S. Trophy: 1,9 бара, 300 KS).

Повеќе од силата импресионира моментот на вртење со работни 450 Nm испорачани при  3200в/мин,  во комбинација со DCT автоматски менувач на брзини со двојна спојка и со седум степени на пренос на силата (мануелниот менувач на брзини е со шест степени на пренос на силата).

Уште повеќе острина низ свиоците заедно сос одлично стокменото подвозје на компактниот тркач на Французите и врвната аеродинамика, обезбедуваат доволно  downforce.

Врвното управување е обезбедено, пак, со системот, на управување на сите четири тркала – 4Control.

Тука е намалувањето на масата со употреба на ултра цврсти композити засилени со јаглеродни влакна, алуминиум и магнезиум, со што тежината е редуцирана на околу 1,3 тони.

Сето тоа му обезбедува супериорни перформанси: зголемување на максималната брзина на дури 270 km/h, a забрзувањето од место до 100 km/h сега изнесува само  5,4 секунди.

 

Одбројувањето започна и ние со нетрпение го очекуваме официјалното излегување на Renault Megane R.S. Trophy-R  на патеката во Нирбургринг

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ultima RS- Хипер автомобил од Англија со 1.200 расни „грла“

Volkswagen апсолутен крал на „Рингот“, електричниот ID.R просто неверојатен!

Ескалираа работите во таборот од Маранело: Леклер сензационално сака да си замине?!

Игор Стефановски – Иџе со Hyundai јуриша на круна воTCR Италија шампионат!

Замина уште една голема Formula 1 Икона- Почина Ники Лауда

Триумф за Мартин Делев на првата трка на TWINGO CUP 

Шефот на F1 тимот на Mercedes на чело на Formula 1 натпреварувањето!

Совети: Сe може да се случи во дел од секундата – „ Аиритон Сена “

Монца под итно бара 60 милиони евра за опстанок во F1 календарот!