Renault најави нов електричен компакт

Големиот успехот на електричниот супер мини  автомобил – Zoe, ги поттикна Французите да се одлучат и за претставник на струја и во атрактивниот С – сегмент, со лансирање на нивниот нареден потполно електричен модел….

Производителот на автомобили од Франција Renault со години е веќе дел од пазарот на електрични возила, при што моделот Zoe е нивниот  најуспешен модел.

Понудата на Французите ќе се збогати со нов електричен автомобил од С -сегментот, што ви требало да му биде сериозен конкурент на претстојниот Volkswagen ID Hatch.

Мојот одговор е многу јасен. Да, ќе одиме во C -сегментот, и тоа со поголема батерија, но треба да го најдеме вистинскиот момент за да бидеме сосема сигурни дека имаме  навистина конкурентна понуда“, изјави, меѓу другото Ерик Феунтун, глобален директор на електричната програма на Renault.

Според некои предвидувања компактниот електричен модел не се очекува да пристигне пред 2022 година, а истиот  ќе биде базиран врз посебната електрична платформа, што ќе биде споделена со останатите партнери на Алијансата, при што треба да понуди автономија во возењето со едно полнење на батериите од околу 402 km.

Благодарение на специјалната архитектура, новиот електричен автомобил од С– сегментот ќе може да понуди навистина пространа и комфорна внатрешност.

Во поглед на стилскиот дизајн, новиот модел може да понесе дел од дизајнерските карактеристики од концептот Symbioz, што како футуристичка креација беше претставен на саемот во Франкфурт во 2017-та година.

Сепак, развојниот процес на новиот автомобил не дозволува Renault да се откаже од малиот Zoe, а суб –  компактниот Hatchback ќе добие своја изменета дизајнерски гледано верзија, што најверојатно, би требало да биде претставена веќе во текот на наредните неколку месеци.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Старт-ап компанија од Швајцарија најави батерии со кој EV ќе поминат 1000 km!

Microsoft  и BMW Grоup лансираат Отворена производна платформа

Jaguar и Land Rover во иднина со возила што уништуваат патогени бактерии и вируси

Škoda со „лек“за заборавните возачи – Aприлили!!!

VW ќе ја предводи Eвропската „батериска унија“ за EV

Volvo надзор врз возачот за дополнителна сигурност!

Новиот Green NCAP за проценка на еколошката прифатливост на возилата

Nissan и DOCOMO испитуваат виртуелна технологија во возила со 5G мрежа

Tesla со трета генерација на полначи