Renault подготвува не еден туку два компактни SUV на струја!

Француската марка значително ќе ја зголеми палетата на своите ЕV модели во наредните години, а следниот модел на батерија на Renault треба да биде SUV возило….

Поучен од успехот со SUVдуото Captur / Kadjar, новиот директор на Renault – Лука де Мео, е решен да го повтори истиот потег, но овој пат со електричните автомобили.

Значи, веќе во 2022 година, треба да ги видиме моделите Zandar и Morphеus, иако се уште не се потврдени спомнатите имиња. Zandar треба да биде позициониран во B сегментот, а наскоро се очекува да биде прикажан во издание на концепт.

Morpheus ќе биде поголем и ќе припаѓа на сегментот C, а на пазарот ќе пристигне на крајот на 2022 година. И во двата модели ќе се користи модуларната платформа CMF-EV, која светот првично ќе и ја претстави на Nissan Ariya.

Француските медиуми пишуваат дека електричното SUV дуо ќе има автономија помеѓу 300 и 500 км, а целта е Morpheus да понуди голема количина простор во самата кабина. Овој модел треба да биде долг околу 4,5 метри, но дизајнерите на Renault ќе работат интензивно и фокусирано на тоа да им овозможат што поголем простор на патниците во возилото.

Експертски новинари од Франција се убедени дека Renault нема да го примени футуристичкиот дизајн што го видовме со идејниот Morpheus, но ќе се определи за поконвенционален изглед.

Внатрешноста најверојатно ќе биде трансплантација, од Kadjar. Покрај тоа, се очекува Renault да го опреми идниот електричен SUV со сите напредни технолошки системи што ги поседува.

Што се однесува до самиот погон, нема многу детали. Експертите од земјата на Франките веруваат дека ќе бидат достапни повеќе верзии, и дека Morpheus  може да има 130 до 200 КС.

Она што е познато е дека овој модел ќе се произведува во Франција. Исто така, се шпекулира за почетната цена за електричниот компактен SUV, а француските новинари тврдат дека за основниот модел ќе треба да се издвојат 40.000 евра (без државни субвенции)..

Значи, помалиот Zandar, кој е пандан на конвенционалниот Captur, најверојатно ќе го видиме во следните неколку месеци, ако се верува на наводите на тамошните медиуми, што може да даде увид во тоа што ќе го обезбеди поголемиот Morpheus.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осветлената „ѕвезда со три крака“ причина за масовно повлекување на SUV модели на Mercedes

Макпетрол совети за патување со автомобил низ регионот

Саемот во Њујорк поместен за август следната година

Нов шеф на дизајнерскиот центар на SEAT

Renault performance моделите ќе го носат беџот на Alpine

Цената на бензините оди долу а на дизелот останува иста

Произведени 200.000 BMW i3

Ова се финалистите на Autobest Best Buy Car за 2021

Volkswagen ID.3 и Polestar 2 со титули во изборот за автомобил на годината 2021 година во Германија