Renault со нов дизајнерски центар во Шангај

Одделот за дизајн на Renault  групата што веќе е присутен во Франција, Романија, Јужна Кореја, од сега ќе има свој центар и во најбројната со жители земја во светот – Кина….

„Нашето ново студио за дизајн во Шангај во целост ја поткрепува стратегијата на Renault за освојување на нови купувачи во Кина  Целта е во наредните месеци да вработиме 20-тина локални дизајнери кои ќе ни помогнат да ги предвидиме очекувањата на кинеските купувачи. Новиот центар за дизајн во Шангај ќе игра важна ролја во обликувањето на нови производи за локалниот пазар и така ќе допринесе кон развојот на проектот на групата Renault на светско рамниште“, рекол Лаурен ван ден Акер (Laurens van den Acker), повисок потпретседател, на одделот за дизајн.

Центарот за дизајн на Renault во Шангај ќе ги опфаќа сите подрачја на автомобилскиот дизајн, вклучувајќи ги и областите од надворешниот и од внатрешниот дизајн, бои и материјали и користените искуства во дизајнот (UX) и користените споредби.

Сместен во центарот на Шангај и вдахновен со неговите креативни струи, таму дизајнерите ќе истражуваат најнови трендови и притоа ќе настојуваат да ги исполнат очекувањата на купувачите од Кина во однос на дизајнот и технолошките иновации.

Дизајнерскиот том на Центарот во Шангај, како и тимовите од другите дизајнерски центри на Renault, ќе може да учествуваат на интерните натпревари  што се организираат за секој проект на Renault.

 

Новиот центар за дизајн во Шангај ќе ја поддржи стратегијата на Групата Renault на кинескиот пазар.

Како најголем светски автомобилски пазар  од 2009 година и четврт по големина пазар на Renault во 2018 година, Кина е еден од клучните столбови на стратешкиот план на Французите наречен  -Drive the Future.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пробно производство на Aston Martin DBX

Франција до 2040 ќе ги избрка возилата со фосилни горива !

Новата KIA Xceed пред премиера ја покажа внатрешноста и дигиталната ера

Вгодина  пристигнува Mazda на струја!

Citroën, го забележа најсилниот раст во топ 12 автомобилски бренда во Европа

Peugeot Active Drive! ИМА СÈ!

Citroën C3 Aircross- Уште еден продажен хит на Французите!

Во Kia имаат подготвен нов SUV

Тesla доби ривал од Кина-се вика XPeng P7