Renault Sport го затвора профилот на социјалните мрежи!

Автомобилската индустрија влегува во фаза на големи промени – а при тоа треба да се потенцира дека не се работи само за економската криза предизвикана од пандемијата од корона вирусот и бројните затворања и одложувања предизвикани од истата…

Имено, дизелите и бензините полека им го отстапуваат местото на електричните погонски системи. Овој процес зема замав и храбро ќе го освои автомобилскиот пазар. Тоа пак има последици кои ќе ги почувствуваат, пред сè, конзервативните љубители на автомобили.

Еден пример е одвојувањето на одделот Renault Sport како дел од многу важната историја на француската марка. Renault Sport ќе ги затвори своите профили на социјалните мрежи за нешто повеќе од еден месец, поточно на последниот ден – 31 декември од тековната 2021 година.

Не очекувавме производителот целосно да се откаже од маркетингот на ова поле. Но, тоа е планот. Сите теми посветени на овие канали ќе бидат префрлени на главните профили на Renault. Може само да претпоставите и дека ќе има поинаков облик, што секако не е чудно.

Според достапните информации, ваквиот чекор ќе помогне во градењето на имиџот на Alpine, кој својот развој ќе го довери на одделот Renault Sport. Може да се претпостави дека таму ќе работат истите луѓе, иако се уште немаме добиено конкретни информации.

Сепак, нема сомнеж дека Alpine ќе нуди само електрични автомобили. Почнува да исчезнува исплатливоста на производството на дизел и бензински мотори, а стандардите во однос на емисиите на издувните гасови  ќе бидат се построги, па ваквиот чекор изгледа логичен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Lada во Октомври ја зголеми продажбата во Европа!

Tesla отповикува 7600 возила во САД

Audi e-tron GT прогласен за најубав автомобил на годината

Се интензивира производството на EV во Индија

Volkswagen ќе учествува во најголемиот и најбрз циркус на тркала F1

KIA со рекорден пазарен удел во Европа и најдобар трет квартал во сторијата

Од Polestar со најава за три електрични автомобили до 2024 година

Цената на бензините одат долу, на дизелот расте

Ford Bronco можеби и на пазарите на Стариот континент