Renault стана втор најпродаван бренд во Европа

Во Европа, продажбата на Renault во првата половина на 2023 година се зголеми за 21 отсто на вкупно 501.985 продадени примероци, со што оваа француска марка е на второто место на европскиот пазар…

Поради војната во Украина, брендот Renault ги прекина своите активности на рускиот пазар, поради што се соочи со голем пад на продажбата. Сепак, се чини дека марката брзо се консолидираше и на глобално ниво успеа драматично да ја подобри својата позиција на автомобилскиот пазар. На глобално ниво, продажбата се зголеми за 11 отсто, со продадени 771.000 автомобили и лесни комерцијални возила.

Големо учество во растот на продажбата има и продажбата на лесни комерцијални возила, која е зголемена за речиси 22% во однос на истиот период од претходната година. Продажбата на патнички автомобили е зголемена за 9 отсто. На пазарот на лесни комерцијални возила, Renault во Европа забележа раст на годишно ниво од 25,4%, на 144.250 продадени возила. Renault Kangoo забележа раст на продажбата од 11,7%, моделот Express (+48,9%), Master (13,8%) и Trafic (+36%).

Европскиот пазар е централен пазар за  Renault  . На Стариот континент, Renault   беше успешен практично во сите сегменти. Во првата половина од годината е забележан раст на годишно ниво од 21% на 501.985 единици. Марката забележа силен раст на продажбата на хибридни возила (+40%), до 83.000 продадени единици. Во електрифицираната верзија беа продадени повеќе од половина од моделите Austral (65%) и Arkana (55%). Интересно е што продадени се повеќе од 23.000 единици од целосно електричниот модел Megane E-Tech, а овој автомобил е најпродаваното електрично возило во својот сегмент во Франција. Важно е дека Renault успеа да ја задржи наклонетоста на приватниот сектор. Во тој период речиси секој втор продаден  Renault   во Европа го купувал приватен клиент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Dacia Duster без дизел мотор!

Urban SUV Concept на Toyota

Дали правилно го подготвив те вашиот автомобил за зимата?

Електричниот Hyundai Ioniq 6 е избран за шкотски автомобил на годината

Kia EV9 финалист во изборот за Европски автомобил на годината

Peugeot 208 Rallye

Вашиот автомобил ве шпионира!?

Потресна исповед на директорот на  Volkswagen 

Mercedes го сели производството на SUV моселот EQS од САД во Германија?