Renault Talisman отстапува место на електрична лимузина!

Renault Talisman нема веројатна шанса да jaпреживее „сечата на моделите“ што се подготвува во гамата на производителот на автомобили во Франција, односно не може да продолжи во актуелната форма…

Кога за прв пат пристигнаа информации за големиот број модели што Renault  ќе ги пензионира во наредните години, Talisman беше првиот од таа листа. Незгодните одлуки на францускиот производител во врска со опремата и моторизацијата го чинеле Talisman далеку подобар комерцијален успех во споредба со оној  што досега е регистриран.

Во иднина, Renaul ќе се фокусира многу повеќе на сегментот С, но и на другите класи каде има шанси за голема заработка по продаден автомобил.

Новиот шеф на француската марка, Лука де Мео, потврди дека нема да се откаже од В сегментот, но дека не смеат да дозволат малите градски автомобили да го „носат“ најголемиот товар на продажба во целата група.

Така, се очекува продолжување на електричната офанзива на Renault, односно диверзификација на опсегот на модели EV на овој производител. Француските и шпанските медиуми пишуваат дека планот на Лук де Мео е Talisman да замине во историјата, а електрична лимузина да го заземе своето место.

Оваа „берлинета” на батериите е замислена како директен конкурент на Tesla Model 3, што е репер во оваа класа.

Renault  ќе работи заедно со Nissan на создавање на EV седанот, бидејќи јапонската марка исто така планира да понуди еден ваков модел.

Според првите информации, наследникот на Talisman ќе биде ставен на платформата CMF-EV и ќе биде на пазарот уште во 2022 година.

Тој ќе го преземе и системот 4Control од Talisman, односно контрола на сите четири тркала.

Се верува дека Renault и Nissan ќе црпат инспирација од концептот IMs на јапонскиот бренд откриен минатата година.

Тој концепт автомобил користел два електрични мотори, по еден за секоја оска и имал вкупна моќ од 490 КС.

IMs, исто така, има батерии со капацитет од 115 kWh, што му овозможуваат досег од 612 км.

Според веќе воспоставениот договор, Renault  ќе го продаде својот електричен седан во Европа и Јужна Кореја, додека Nissan ќе го пласира својот адут на домашниот и на американскиот пазар.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот на Lamborghini станува извршен директор на Formula 1

Peugeot подготвува ултимативен „спортист“ за Le Mans 2022

Фетел го купи болидот Williams FW14B што го возел Менсел

Alpine F1® Team влегува во Formula 1 ново име во големиот циркус на тркал

Цените на горивата повторно паѓаат

BMW M4 GT3 е подготвен да се упати на тркачките патеки

KIA Sonet нов SUV од Кореја но не и за европскиот пазар!

Subaru WRX S4 STI Sport #

Новиот Stratos влегува во производство, премиерата во септември