Renault Twingo Cup Финале: Титулата за Делев, Трајковски и Малинковски победници во Серес

Мартин Делев е шампион на првото издание на TWINGO CUP 2019, откако денеска сезоната заврши со двете трки во Серес, Грција.

На првата трка триумфираше Слободан Трајковски, пред Делев и Давид Малинковски, кој пак на втората трка се искачи на највисокото место на подиумот.

Во втората трка на втор финишираше Трајковски, додека на подиумот имаше место и за Иван Стефановски.

Делев заслужено дојде до шампионскиот трофеј откако сезонава триумфираше на дури четири трки од вкупно седумте.

Премиерната сезона во TWINGO CUP мина одлично, а Македонија покажа дека има фантастични натпреварувачи.

РЕЗУЛТАТИ ПРВА ТРКА СЕРЕС

  1. Слободан Трајковски 29:24,297 минути
  2. Мартин Делев 29:26,248
  3. Давид Малинковски 29:27,248
  4. Иван Стефановски 29:31,792
  5. Емил Нацка 29:32,174
  6. Владимир Тренески 29:33,864
  7. Ангелче Стојковски 31:00,153
  8. Ненад Костовски 31:01,689

РЕЗУЛТАТИ ВТОРА ТРКА СЕРЕС

  1. Давид Малинковски 28:40,138 минути
  2. Слободан Трајковски 28:45,495
  3. Иван Стефановски 28:47,096
  4. Мартин Делев 28:50,992
  5. Владимир Тренески 28:54,347
  6. Емил Нацка 29:25,222
  7. Ненад Костовски 30:26, 741

*Ангелче Стојковски не стартуваше

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Carlos Sainz, Ricky Brabec и Andrey Karginov „кралеви“ на Dakar 2020

И по претпоследната етапа на Dakar  Rally се уште ништо не е јасно!

Фернандо Алонзо – губитник на 10-та етапа со тумбање во трипл „салто“!

Rally Dakar – „испари“ прeдноста на Сајнц !

Dakar Rally 2020 ја зема првата жртва- загина Португалецот Пауло Гонкалвес

По Cајнц и Петерхансел со втора победа во Dakar 2020

Сајнц освои втора етапа од шесте досегашни на годинешниот Dakar

Dakar Rally четири дена четири победници!

Третиот ден на Dakar Rally во знакот  на Шпанецот Сајнц!