Renault Twingо Electric Vibes

Renault наскоро ќе понуди ново специјално издание на Twingо Electric на европскиот пазар.

Накусо, Twink Electric Vibes има, меѓу другото, Orange Valencia металик боја, бели детали на предната решетка на маската, украсни графики на задната странични врати , 16-инчни тркала во сребрена или бела боја, портокалови детали внатре, 7,0-инчен екран на допир , вештачка кожа на седиштата и нови подни патосници.

Нарачките ќе започнат да се прифаќаат кон средината на август, а цената на таквиот Twingо во Германија е 25.666 евра.

За погон на Twingо Z.E инаку се грижи електричниот мотор со 60 kW / 82КС и 160 Nm вртежен момент, при што максималната брзина изнесува 135 км/ч, додека забрзувањето од 0 до 50 км/ч е околу 4 секунди.

Со едно полнење од литиум-јонски батерии од 22 kWh, автономијата во комбинираниот циклус е 180 км (според WLTP), а во градскиот циклус е до 250 км.

Renault наведува дека до 80% од капацитетот на батеријата на полнач од 11 kW ќе се наполни за околу 2 часа и 10 минути, а на полначот од 22 kW за 63 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаража во Токио место од соништа за вљубениците во Lamborghini

Maserati Ghibli Trofeo, Quattroporte Trofeo  и Levante Trofeo

Новиот Nissan GT-R пристигнува 2023  година со хибриден погон

Auto Bild го најавува Volkswagen Golf 8 Variant

Од млазен авионски мотор до куќичка за кампување!

Наскоро обновена Bentley Bentayga Speed

Lada 4×4 кампер

Volkswagen навести враќање на класичните модели, но со електричен погон

Кристијано Роналдо го купи најскапиот автомобил на светот Bugatti La Voiture Noire