Renault Twingo le coq sportif- лимитирана едиција

Само ден по официјалното објавување на верзијата за 2019 година на новата генерација на Twingo, од Renault ја  пласираа веста и за првата лимитирана серија на Лилипутанецот

Развиена во соработка со фирмата производител на спортски производи le coq sportif и го демонстрира најдоброто од францускиот дизајн што двете компании можат да го понудат.

Стилски ексклузивното Twingo le coq sportif е со збогатени бои од француското знаме, како и маскотата „петелот“ на триколорите, а во исто време опременоста на возилото е збогатена со уникатни елементи за серијата.

Со истата тематика е дизајнират и покривот на малиот автомобилот, додавајќи дополнителна нишка на ексклузивност. 

Тематското надворешноста е комбинирана со интересен ентериер со специфични за le coq sportif бои и материјали, а целокупниот изглед го истакнуваат со помош на алуминиумски елементи.

Внатре се гледаат истите елементи, тробојното знаме и маскотата -петел, што може да се најде и на патосниците, а тука се и алуминиумски елементи.

Лимитираната серија е развиена врз најдоброто ниво на опрема на моделот што вклучува: новиот Renault EASY LINK мултимедијален и инфо-комуникациски систем со можност за синхронизација на мобилен телефон преку Apple CarPlay и Android Auto, автоматска клима, камера за возење назад со паркинг асистент, автоматски бришачи и светла ….

Renault Twingo le coq sportif ќе се најде на пазарот пролеттва, а ќе се нуди во четири верзии- Quartz White, Crystal White, Lunar Grey и Star Black.

Во однос на мотористиката тука се познатите ефикасни и чисти агрегати SCe 75 и TCe 95 при што помоќната единица ќе може да  добие и роботизирана менувачка кутија EDC.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата S- Класа со огромен екран на централната табла во стил на Tesla

Polestar2 дебитира кон крајот на месецов

JLR ја проширува својата понуда на генијалните Ingenium агрегати

Новата Opel Corsa ги носи најдобрите технологии во малите автомобили!

Освежен VW Passat за останување на тронот во сегментот

Претставување и прво возење на Citroen C5 Aircross и Berlingo Van/Business

FIAT 500X и 500L S-Design, надмоќна изведба на привлечниот модел

Подновен Suzuki Baleno по „ботокс“ третманот делува попривлечно!

Нов официјални слики и видеа за новата генерација на Renault Clio!