Renault во Индија претстави crossover концепт Kiger

Француски Renault го покажа Kiger концептот, кој треба да даде најава за новиот мал crossover што првично ќе биде наменет само за автомобилскиот пазар во Индија…

Производната верзија на Kiger е долга нешто под четири метри, а ќе му овозможи на Renault да понуди уште една опција за купувачите во Индија покрај Kwid, Duster и Triber моделите.

Визуелно, Kiger концептот се истакнува со своите LED фарови, скулптурна хауба и „полу-лебдечки“ покрив, а ретровизорите се дизајнирани налик на крила на авион (долниот дел), додека на задниот дел се наоѓа спојлер, централен издув и задни светла во форма на буквата С.

„Креативната асоцијација на француските и индиските дизајнери беше најдобриот начин за да се пресретнат потребите и очекувањата на клиентите особено наклонети кон стилот, динамиката и новитетите. Како и со Triber, ние повторно ја покажуваме нашата способност да иновираме, со нудење на нов модел со двојна персоналност, урбан и надворешен. Kiger концептниот автомобил е многу блиску до идниот сериски модел“, изјавил Лоренс ван ден Акер,  шефот на дизајн во Renault.

Концептниот автомобил пристигнува со зелен Aurora Borealis екстериор кој соодветствува со разни флуоросцентни допири кои ги истакнуваат алуминиумски елементи како: рачките од вратите, инсерти на браниците, контурите на логото и сопирачките.

Кога моделот ќе влезе во производство, Renault Kiger ќе се насочи „да привлече купувачи кои бараат новитети и модерност во B сегментот кој претставува 51 процент од индискиот пазар“.

Она што е најважно, Renault најави дека продукцискиот модел ќе биде пласиран и на пазари надвор од Индија, но францускиот производител не открива повеќе детали, ниту пак на кои пазари Renault Kiger ќе биде достапен за продажба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто е брз болидот на Bugatti

Audi RS7 – Најбрзиот блиндиран автомобил на светот

Ѕвездите на FC Barcelona нурнаа во светот на Cupra!

Ford Bronco добива pick-up варијанта

Ital Design најавува нов DeLorean

Abarth 595 Hercules болид во микро-пакување навиен на 217 KС

Дали електричниот Rolls Royce ќе се вика Silent Shadow!?

Најавен модерен Porsche 914

Lada Niva на Nirburgring