Renault во Женева со специјалната серија на Alaskan – ICE Edition

Глобалната премиера на интернационалниот салон за автомобили во Женева имаше и специјалната лимитирана серија Alaskan ICE Edition на Renault

Новата ограничена серија на Renault Alaskan што на пазарот ќе стаса еценва, ќе биде лансирана најнапред во Швајцарија, a се одликува со тематски развиен екстериер, две бои, тврд покрив за товарниот простор и голем број на дополнителни и уникатни елементи.

Во опремата на Alaskan ICE Edition се вклучени црни шини на покривот, 18-инчи црни алуминиумски тркала, антена во стилот на перка на ајкула, повеќенаменски гуми и друго.

Внатрешноста на Renault Alaskan ICE Edition е исполнет со пет седишта со кожен тапацир и аудио Focal со технологија Dôme Flax, а погонот се остварува од високо ефикасен мотор со работен волумен од 2.3– литри, со  dCi дизел технологија, во две верзии на моќност: едната послаба со 160 и втората посилна со 190 КЅ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kia со прва скица го најави скорешното доаѓање на crossover моделот X-Ceed

За враќање во САД Peugeot се фокусира на C и D сегментите

Заеднички проект на Karma и Pininfarina

Citroën со најубав штанд на салонот за автомобили во Женева 2019-та

Škoda во февруари продаде над 90.000 модели!

Opel се враќа во Русија

Доделени наградите „Автомобил на годината во Македонија“ за 2019-та

Сензација-Пристигнувањето на VW Golf 8 генерација одложено за март 2020-та!?

Volvo ја завршува приказната со дизел мотори