Револуционерно автомобилско седиште за деца!

 Конечно, е имплементирано функционално воздушно перниче за нашите најмлади што ја зголемува нивната безбедност во возилото при евентуален судир…

Станува збор за Cybex што успеа да направи мала револуција со седиштето Anori T i-Size бидејќи за прв пат комбинира систем на воздушни перничиња и детско седиште.

При фронтални судири, со седиштата свртени нанапред, појасот го држи телото, но кај детето во седиштето се јавува нагло движење во вид на „сецкање“ во вратот.

Со Cybex, воздушното перниче интегрирано во штитникот конкретно ги штити кревката глава и врат на детето.

Воздушното перниче се активира за неколку милисекунди и се отвора во форма на буквата С пред детето, пренесуваат специјализираните портали.

Во фронтален (челен)  судир, седиштето нуди приближно 50% повеќе заштита од традиционалните детски седишта свртени напред, според тврдењата од Cybex.

Развиено според стандардот UN R129 / 03, седиштето е за деца од 76 cm до 115 cm во висина и тежина од 21 kg.

Исто така ова седиште има и положба за спиење со неколку поставки.

Anoris T i-Size ќе биде достапен на пазарот од крајот на тековниот месец – ноември 2021 година.

Препорачаната малопродажна цена е 699,95 евра, што не е многу кога е во прашање безбедноста на нашите најмали и8 најмили!.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Renault Austral ја открива својата елегантна и мускулна силуета

Opel продолжува со забрзана електрификација

Тоyotа за три години со солидни батерии во EV и хибридните возила

Батеријата на EV полнете ја до 90% од капацитетот – ќе биде подолговечна!

Нови Alfa Romeo Giulietta и Alfa Romeo GTV

Tesla Model S Plaid ја зголеми максималната брзина на 262 км/ч

Hyundai иднината ја замислува во симбиоза со роботи!

Тesla Model S со батерија од startup компанија со едно полнење минал 1.020км

И Sony ќе произведува електрични автомобили – Vision-S 02 concept