Развиени во соработка со GM-и направени со помош на технологијата на 3D-печатење од гума, полиестер и од јаглеродни влакна, а на пазарот би требало да биде промовиран веќе во 2024 година
Автомобилските пневматици, такви како пто сега ги знаеме, наскоро би можеле да исчезнат од сцената и да заминат на депото на историјата .
Имено големиот светски гумар Michelin, во соработка со General Motors (GM) направил и пуштил во програма за тестирање гуми без воздух со име – Uptis.
Гумата се состои од слој што гази на подлогата и од носечка еластична структура, која е композите на гумата, полиестер и од јаглеродни влакна.
Основната идеја е да се направи гума која не може да „издиши“, тоа значи дека автомобилот веќе нема да има потреба од резервно тркало со нормални или со намалени димензии, односно веќе не му е потребен сетот за поправка на гумите.
Исто така овозможува подобра еластични и придушени својства со што би требало да ги подобри возните карактеристики на возилото, a воедно и да ја зголеми удобноста на патниците.
Почетните испитувања покажаа дека е особено отпорна на нерамни патишта, a одлично се однесува и во свиоците, по виулестите планински патишта, како и на автопат.
За цената на оваа нова гума се уште е рано да се говори, a почетокот на сериското производство на истата е предвидено за 2024 година.