Rivan со кујни на извлекување како дополнителна опрема!

Cтар –ап (Start up) компанијата за електрични возила, Rivian, неодамна покажа концепт на  pick-up возило, една од главните интересни црти на истото била кујната на извлекување, што судејќи според се ќе биде дел од дополнителната опрема …

Деновиве, Rivian, на Twitter, одговорил на прашањето од еден корисник, а истото гласело: „ Дали тоа (кујната)  навистина ќе биде достапна опција?”, со: „ Да, ќе биде достапна и тоа веднаш по лансирањето на моделот на пазарот.“ Првите сериски Rivian pick-up возила, инаку, на пазарот се очекуваат во наредната 2020 година.

Кујната на извлекување во многу ќе го олесни готвењето на off-road патеките, или пак излетите во природа со приготвување на свежо зготвена храна.

Мини кујната е сочинета од две електрични рингли, површина за подготвување, и греб елемент за кафе или топли пијалоци.

Покрај сето тоа, оваа мобилна кујна нуди и место за складирање на основниот прибор за јадење.

Кај concept pick-up верзијата кујната се извлекува од товарниот простор зад кабината, просторот што во Rivian го нарекуваат „ тунел за опрема“.

Кај обичниот Rivian pick-up (без кујната како дополнителна опрема), спомнатиот простор е наменет за дополнителен товар (багаж) што возачот и совозачот ќе го спакуваат.

Токму како и pick-up, и елементите од кујната работат на електрична енергија, односно на батеријата од возилото.

Тоа е одлично искуство за сите кои сакаат да готват со “нула емисија на штетни гасови.

Иако од Rivian веќе потврдија дека кујната ќе биде достапна за нарачување, се уште не е познато дали ќе мора да се “заокружи“ при купувањето на возилото, или ќе може и дополнително да се купи и да се вгради во возилото.

Исто така, се уште не е познато дали оваа мобилна кујна ќе може и да се извади (отстрани) кога не е потребна, а ослободениот простор „тунелот“ да се искористи како простор за дополнителен багаж.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alfa Romeo 4C Competizione limited edition за повторно вљубување!

Fiat развива SUV што ќе се произведува во Крагуевац!

BMW M8 MotoGP Safety Car

Концернот „Калашњиков“ со нов автомобил за carshearing!

Произведен 10 милионити Mini

Bentley со Mulliner го реинкарнира уникатниот Corniche !

Pininfarina  планира електрична лимузина и СУВ

Lotus со измени на своето лого!

Две децении на Porsche 911 GT3 вистински сладок залак за познавачите