Amazon од Rivian нарача 100.000 електрични ванови за пет милијарди долари!

Дејв Кларк, потпретседател на одделот Worldwide Operations & Customer Service на Amazon за компанијата нарачала 100.000 електрични ван – возила за дотур на стока во вредност од пет милијарди долари. ..

На Twitter, Кларк објави дека флотата на Amazon е електрифицирана, но вистината не е целосно таква, односно ќе стана таква кога електричните камиони за испорака ќе бидат доставени а тоа ќе биде во 2021 година.

Возилата се дел од планот на Amazon за придонес во борбата против климатските промени.

Според потпишаниот догорор помеѓу двете компании, потребно е да се вложат усилби за да ја намалат емисијата на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина до 2040 година.

Инаку, нарачкава е најголема досега од тој вид.

Според процените на Amazon електричните камиони за испорака и дотур  треба да спречат четири милиони тони јаглерод да биде исфрлен во атмосферата до 2030 година.

До тоа време, компанијата ќе користи 100 % обновлива енергија во својата глобална инфраструктура, а планот е да се постигнат 80 % од тоа веќе до 2024 година.

Инаку, во овој момент нема други дополнителни информации за тие возила.

Се чини дека Rivian добил нарачка што од него ќе бара максимален ангажман и големи усилби да одговори на барањата на во моментов најголемиот инвеститор ( Amazon во Rivian инвестира дури 700 милиони американски долари) и најјголем купувач бидејќи порачката е вредна пет (5) милијарди америкснаки долзри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

EuroNCAP тест: BMW Series 1, BMW Series 3, Jeep Cherokee и Peugeot 208

Батериите чинат 50% од цената на автомобилот

Совети: Игнорирајте ги автостоперите и повикувањата да запрете

Прегревање на моторот на екстремни жештини – еве го лекот!

Во Србија патарините поскапеа за 12%!

DS 3 Crossback совршен почеток одличен на EuroNCAP тестот

Škoda Scala воодушеви на EuroNCAP тестот!

Екологија- Ford рециклирани пластични шишиња за подници во автомобилот

VW T-Cros со пет ѕвездички на Euro NCAP Crash Test