Road Rover пристигнува до крајот на 2021 како електрично возило

Моделот Road Rover е дел од планот на Jaguar Land Rover кој ги вклучува и новите адути на Jaguar како што се XJ и J-Pace…

Од претходно се знае дека Jaguar планира својот знаменосец во сегментот XJ во новата генерација да го претстави како потполно електричен модел.

Од моделот се појавија и неколку шпионски фотки во повеќе наврати, додека официјалната премиера е закажана за оваа година.

Британскиот адут, ривал на Mercedes EQS и неодамна најавениот BMW Серија 7 Electric, ќе биде првиот носител на ново развиената MLA (Modular Longitudinal Acrhitecture) платформа на Jaguar Land Rover.

Според плановите, до крајот на 2021 година на оваа архитектура ќе бидат поставени уште два модели, големиот SUV J-Pace, како и мистериозниот Road Rover.

За J-Pace е познато дека ќе биде во понудата со електричен, но и со конвенционален погон, со повеќе „авангарден” стил и по луксузен простор во внатрешноста во споредба со помалиот F-Pace,.

Додека пак деталите поврзани со Road Rover засега остануваат прекриени со превезот на тајноста.

Не е познато дали тој официјално ќе настапи под некое ново име и покрај тоа што називот што беше заштитен во 2018 година го сугерира спротивното.

Иако зборот „Road” во името укажува на тоа дека овој нов модел ќе биде предвиден пред се за асфалтните патишта, тој и понатаму е означен како crossover ( покрај тоа што имаше скици што го покажуваат во форма на седан).

Од сето тоа може а се предвиди и а се очекува дека ќе пристигне со нешто понизок клиренс и нешто поинаква каросерија.

Во таа насока се движат и претпоставките дека ќе има форма на караван со малку рената од подлогата позиција.

Со оглед на тоа дека Jaguar и Land Rover имаат прилично голема понуда на crossover и на SUV модели, би требало сериозно а се земе таквиот податок.

Сите три модели – XJ, J-Pace и Road Rover, се дел од инвестицијата од милијарда фунти во фабриките во Касл Бромич и Солихал, односно нивното оспособување за MLA платформата.

Новата архитектура е конструирана на тој начин да може да прими и електромотори, SUS агрегати, како и нивна комбинација, што значи дека во JLR планираат и хибридни верзии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови фотки и детали за Hyundai Prophecy

Иако се уште не е во продажба за него стасала над 600.000 нарачки

Годинава Volkswagen со plug in hybrid погони во Tiguan и Arteon

Alfa Romeo GT Junior на струја и со повеќе од  500 КС

Претставен Genesis G80, лимузина “џелат” на Mercedes Е класа…

Баварците подготвуваат лимитиран број X5 изведби со погон на хидроген за 2022

Во план и Hyundai Elantra N

Нови фотографии на продукциската верзија на Peugeot 508 PSE

Наследникот на Toyota GT86 доаѓа идната година?