Роботизиран пешачки преми. Вештачка интелигенција одлучува за интервалите

Паметните семафори постојат веќе некое време, но британската фирма Now Wireless смисли нов систем што треба да ги направи пешачките премини уште посоодветни…

Поточно, новиот систем користи најсовремена технологија како што се камери, вештачка интелигенција (Artificial Inteligence -AI ) и машинско учење за управување на семафорите и соодветно поставување приоритети.

Прво и најважно, преминот се потпира на податоците обезбедени од камери, кои можат да препознаат пешаци кои се приближуваат до коловозот на растојание до 15 метри, пишуваат специјализираните магазини.

Откако ќе се детектираат пешаците кои се приближуваат, системот испраќа сигнал до систем заснован на вештачка интелигенција (AI) кој потоа користи машинско учење за да ги утврди намерите на луѓето кои одат кон преминот. Ако навистина открие дека одреден број луѓе сакаат да го поминат патот, системот тогаш проучува преку правила што можат да се прилагодат според потребите на локалните власти и барањата на управителите на сообраќајот,  за промена на светлата (боите) на семафорите.

– Можеме да им помогнеме на управителите на сообраќајот да ги програмираат своите семафори за да се менуваат во согласност со однапред поставените барања.

Бројни параметри можат да се постават на најдобар начин за да се исполнат одредени барања за одделни премини.

На пример, светлата можат да се променат кога ќе помине одредено време ако камерата препознае дека чека само една личност или ќе се промени побрзо ако чекаат голем број луѓе – посочува компанијата во соопштението за јавноста.

Најдоброто нешто е што овој нов премин за пешаци не бара никаква работи на патот, така што во теорија може безбедно да се инсталира на скоро секоја крстосница кога потребните модули се поврзани со семафорите.

Непотребно е да се каже, нема потреба да се притиска копчето за да се добие зелено светло за преминување на пешачкиот премин бидејќи бесконтактно искуство, во времето на пандемијата, е токму она што денес му треба на сите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Renault Arkana изненади на слалом тестот 77km

BOSCH ја напаѓа Европа поради сеопфатната електрификација!

Hyundai подготвува перформанс модел на струја

FIAT 500 со Safety mode на батеријата штеди струја каки мобилен телефон

Во Кина претставен EV што прочистува воздух!

По Volvo и Renault ја ограничи брзината на своите возила на 180 км/ч

Renault E – Teck и LEGO

Alfa Romeo ja напушта Giorgio платформата

Toyota развива нов Hydrogen мотор