Rolls-Royce направи рендери од детски цртежи

Од Rolls-Royce успејаа да привлечат повеќе од 5.000 дечиња кои ги испратија своите цртежи во автомобилскиот производител како дел од Young Designer Competition…

Британскиот производител Rolls-Royce со својот Young Designer Competition успеа да го привлече вниманието на голем број дечиња кои можеби сонуваат еден ден да станат автомобилски дизајнери.

Во ова „натпреварување“, немаше еден единствен победник, туку повеќе победници во различни категории.

Натпреварувањето немаше никакви стриктни правила, што значеше дека дечињата можеа да ја ослободат својата фантазија, а тоа со сигурност и го направија.

Натпреварувањето беше лансирано во април за време на карантините, а меѓу цртежите се најдоа дизајни инспирирани од еднорози, желки, вселенски патувања, египетските пирамиди и што ли уште не…

Bluebird II од Ченјанг (13 години, Кина) победи во Tech категоријата, Capsule од Саја (6 години, Јапонија) победи во Environment категоријата, додека Turtle Car од Флоријан (16 години, Франција) ја освои првата награда во Fantasу категоријата.

Од друга страна, Glow од Лена (11 години, Унгарија) ја освои Fun категоријата. Како награда, овие дечиња добија шофер кој ќе ги вози до училиште со нивниот најдобар пријател во Rolls-Royce автомобил„.

Во мое и во име на секого од компанијата Rolls-Royce, сакам да се заблагодарам на секој млад дизајнер кој учествуваше на ова  натпреварувањето, за секоја помисла, напорна работа и креативност која е вложена во нивните дизајни. Има некои сериозни таленти и не би бил изненаден ако некој од овие дечиња кои учествуваа денес на овој натпревар, веќе утре станат познати и признати автомобилски дизајнери – можеби дури и во Rolls-Royce“, изјави извршниот директор на компанијата, Торстен Милер – Отвос.

Најинтересно од се во оваа убава приказна е тоа  што во  Rolls-Royce на крајот ги зеде овие цртежи на младите таленти и ги представи во уште поевокативни дизајни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Dacia Duster Pick- up!

Скејборд голем колку лаптоп и на струја доаѓа од Јапонија

Најава за мистериозен Bugatti

Audi TT RS во чест на 40 гдини на Quattro погонот во само 40 примероци

Благороднички луксуз на песокот во Сахара

SSC Tuatara го урна рекордот на Bugatti

Aventure Peugeot – реставрација на иконата 205 GTi

Nissan Juke родоначалник на нов сегмент слави 10-ти роденден