Rolls-Royce со анимирано видео за дизајнот на новиот Ghost

Од Rolls-Royce пред неколку дена го објави првиот тизер цртеж за најновата генерација на моделот Ghost во пресрет на неговата премиера закажана за оваа есен…

На стартот тизер кој го објави Rolls-Royce претставуваше три едноставни дизајнерски линии со кој се предвидува формата на новиот екстремно луксузен Ghost, а заедно со шпиунските фотографии, навстуваат дека дизајнот ќе биде помазен во однос на претходната генерација, а притоа се уште го симболизира сето она што го претставува марката.

По тизер цртежот, кој пристигна веднаш по потврдата дека ќе пристигне новата генерација на Ghost, Rolls-Royce објави интересно аниминрано видео во кое дава увид во изгледот на автомобилот.

Во писмото кое го објави шефот на Rolls-Royce Торстен Милер Отвос, се потврдува дека возилото ќе биде претставено во периодот меѓу септември и ноември, а автомобилот ја следи дизајнерската филозофија која во компанијата ја нарекуваат Post Opulence.

Според британскиот производител, нивните купувачи се во потрага по минимализам во дизајнот, а од Rolls-Royce исто така истакнуваат дека е забележале тренд кон минимализмот кај голем дел од луксузните клиенти.

Шпионските фотографии од новиот Ghost индицираат дека екстериерот нема да биде драстично поинаков од актуелниот модел, но автомобилот ќе биде поставен нешто пониско што значи подобро простудирана аеродинамика и помазно возење.

За напојувањето на новиот Ghost ќе биде задолжен 6,75-литарскиот битурбо бензински мотор со 12 цилиндри поставени во форма на латинската буква V, што испорачува моќност од 563 КС и 900 Nm максимален вртежен момент.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пробни камери за „лoвење! на тие што снимаат сообраќајки на пат!

Над 600 илјади хотели во светот го прифаќаат биткоин како валута!

Снимен новиот Ford F-150 Raptor

Porsche Carrera GT во напуштен салон собира прашина!

Наспроти кризата со корона вирусот Peugeot најави враќање на пазарот во САД веќе 2023

Турција и официјално има најдолга велосипедска патека на светот

McLaren F1- денес вреди 16 милиони фунти

Audi RS7 Sportback  со 962 КС

Помал Tesla Cybertruck за Стариот континент