Руси и се е можно – Од Bentley направил тенк!?

Русите се просто вљубени во тенковите, a ова е воедно и доказ дека најрадикалните преработки на автомобили доаѓаат токму од најголемата по површина земја во светот…

Ако сете помислиле дека Bentayga е најспособниот, односно, нај прооедн  модел на Bentley на терени надвор од асфалтот, навистина многу сте се излажале .

Некаде во Русија постои Bentley Continental GT кој е едноставно речено незапирлив.

Некогаш преубав расен GT модел завршил во рацете на еден Рус на кој теренските пневматици, како и за теренски возења штимувано потпирање не му биле доволни во креирање на моќен, а атрактивен „теренец“.

Тој отишол неколку, море и повеќе, чекори понатаму и се одлучил за погон со гасеници.

А тоа преведено на најобичен јазик значи претворање на луксузниот GT во вистински тенк!.

За жал, бидејќи бензинскиот агрегат, со 12 цилиндри, поставени во форма на латинската буква –W, со работен волумен од 6,0-литри и со турбо полнач бил „мртов“ и барал нови турбини.

Поради тоа сопственикот се одлучил за многу поевтино решение и во својата креација на гасеници вградил бензински мотор со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, со работен волумен од 4,3-литри, позајмен од Toyotа Crown, заедно со механиката што оди со истиот.

По проблемите со кои се судирал на почетокот, како што се испаѓањето на гасениците при возењето во свиоци, истите се затегнати и овој луксузен тенк почнал правилно да функционира.

Ние во овој прилог ви нудиме и видео запис  што ќе ви ја раскаже сета постапка на оваа преработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai iMax N Drift Bus со повеќе од 400 КЅ!

Krugger FD- уникатен ретро автомобил со модерн стил и 760 КС

Супер автопат ќе ги поврзува Лондон и Њујорк, преку Москва

Обединетите Арапски Емирати со хипер автомобил Dragon

Alfa Romeo спонзор и на 1000 Miglia 2020

Паѓа последниот бастион на возачите: Autobahn со лимит 130 km/h!?

Првиот Lamborghini на струја Grand Tourer пристигнува 2025!?

Златан Ибрахимович за 38 роденден се почести со Ferrari Monza SP2

Спектакл: Денови на Abarth 2019 – 70-годишнина на црвената скорпија