Русија повеќе не казнува „преголема просечна брзина“ на патиштата

Нелегален тип на казнување на возачите во Русија веќе нема да постои бидејќи сообраќајната полиција на оваа најголема по површина земја на планетава се откажа од практиката на издавање задолжителни казни за надминување на „просечната брзина“ на возилата…

Судејќи според написите објавени од весникот Комерсант ( Kommersant), казните по оваа основа не се изречени од мај, кога зборуваме за московскиот регион, додека практиката во главниот град престана во август.

Покрај тоа, овој метод за мерење брзина активно се користеше во Татарстан, како и во регионот Смоленск, што, според полицијата, доведе до намален број несреќи.

Патем, технологијата за мерење на просечната брзина за прв пат беше усвоена од сообраќајната полиција на Руската Федерација во 2013 година, и на почетокот времето беше измерено со камери, инсталирани последователно по неколку стотини метри или неколку километри).

Врз основа на овие отчитувања, беше пресметана просечната брзина на движење на одреден дел, така што беше изречена казна врз основа на таква математика.

I

Сепак, практиката нема основа во правната рамка, дури и по осум години од почетокот на мерењето на просечната брзина на движење, што е концепт тотално непознат во законот.

Според прописите, пречекорувањето се случува во моментот, а не во одреден временски интервал, така што дополнително е неопходно да се посочи точното место каде е сторен прекршокот, што не може да се обезбеди преку концептот на просечна брзина.

Сепак, практиката на мерење на просечната брзина на возилата може да се врати во употреба на агенциите за спроведување на законот во Русија. Комерсант објави дека уште во април годинава, вицепремиерот на Руската Федерација, Марат Хуснулин, му наложи на Министерството за внатрешни работи да даде предлог за промена на законот, со цел да се врати во употреба системот за мерење на просечната брзина на возила.

Но, дали тоа ќе се случи, односно и кога ќе се случи, засега е неможно точно да се каже.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Берлин петиција за законот за забрана на автомобили во поголем дел од градот

Монтирањето на WV ID,3 трае 30 часа а на Tesla Model 3 само 10 часа

VW Group ќе гради фабрика а батерии во Источна Европа

Тesla Cybertruck само за пазарот во САД

Renault 5 Prototype 5 ја освои наградата за концептен автомобил на годината

Почна производството на електричниот Volvo C40 Recharge

Нема чипови – нема производство во фабриките на Škoda во Чешка

Opel останува без погоните во Риселсхајм и Ајзенах

Најпродавани автомобили на Апенинскиот полуостров