Русија размислува за задолжително вгрaдување на алко-тестери во автомобили

Руската влада моментно ја разгледува можноста за воведување на алко-тестери во сите автомобили, како мерка за намалување на сообраќајните несреќи во кои се вклучени пијани возачи…

Изданието Комерсант (kommersant.ru) известува дека руското Министерство за индустрија се надева дека ќе може да подготви нацрт планот до крајот на 2020 година, со цел да ги подготви сите потребни законски услови за масовна инсталација на алко-тестери во возила.

Наводно, секој возач ќе биде должен прво да изврши тест на овој уред, што ќе му овозможи да го стартува автомобил или друго возило само доколку се покаже дека не користел алкохол.

Русија со години работи на зголемување на безбедноста на патиштата во таа земја. И иако е постигнат напредок, само минатата година, околу 17.000 граѓани на оваа земја ги загубија животите во сообраќајни незгоди.

Според локалните медиуми, руската влада предлага алко- тестерите  да доаѓаат во стандардна опрема на сите автомобили што се продаваат во таа земја.

Сосема е извеснло дека голем број на автомобилски компании ќе се побунат, затоа што не сакаат дополнителни трошоци поврзани со производството.

Русите ги бие глас дека се тешки алкохоличари, но најновите истражувања покажуваат дека жителите на најголемата земја на нашата планета пијат се помалку и помалку.

Дури и повеќе, Светската здравствена организација посочува дека потрошувачката на алкохол во Русија опадна за 43% помеѓу 2003 и 2016 година.

Руските власти со години водат кампања за намалување на употребата на алкохолни пијалаци.

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, е познат по тоа што не консумира алкохол, за разлика од поранешниот претседател Борис Јелцин, кој често, во јавноста, се покажувал пијан

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пробни камери за „лoвење! на тие што снимаат сообраќајки на пат!

Над 600 илјади хотели во светот го прифаќаат биткоин како валута!

Снимен новиот Ford F-150 Raptor

Porsche Carrera GT во напуштен салон собира прашина!

Наспроти кризата со корона вирусот Peugeot најави враќање на пазарот во САД веќе 2023

Турција и официјално има најдолга велосипедска патека на светот

McLaren F1- денес вреди 16 милиони фунти

Audi RS7 Sportback  со 962 КС

Помал Tesla Cybertruck за Стариот континент