Русија со акцизи за еко- горива налик на тие за за нафтени деривати

Руското Министерство за транспорт предложи на сопствениците на автомобили кои се напојуваат со алтернативни горива да се воведе обврска за плаќање надомест на државата во зависност од бројот на поминати километри, што особено ги загрижи припадниците на најраспространетата група меѓу нив, т.е. сопственици на модели на батерии….

Треба да се има во предвид дека „зелените“ во овој момент не плаќаат „ниту денар“ (поточно речено рубља) за користење на патната инфраструктура на најголемата земја во светот.

Дополнително, руската влада размислува за воведување акцизи за електрична енергија, водород и други еколошки горива, проследено со воведување такси за користење на регионалните патишта, кои би се одредувале на ист начин како што веќе се одредуваат за возачите на камионите.

Експертите сметаат дека ваквите планови се шанса за обновување на државните средства наменети за изградба и одржување на руската патна мрежа.

Во моментов, како што рековме, сопствениците на „зелените“ возила во Русија не плаќаат за користење на патната инфраструктура, иако еколошки возилата прават иста штета на патиштата како и традиционалните автомобили, тврдат претставници на Владата на Руската Федерација.

Во исто време, еден од главните приходи на фондот за одржување на патиштата во Русија се приходите од акцизите за бензин, дизел и моторни масла.

Во таа насока, Министерството на руската влада предложи воведување на директен систем на наплата по поминат километар за сопствениците на сите возила без локално генерирани штетни емисии.

Интересно е тоа што Русите имаат намера да ги оптоваруваат акцизите за алтернативните горива на ист начин како што тоа го прават со нафтените деривати долги години, што сè уште не постои во светот како практика.

Иако експертите собрани околу руската влада тврдат дека на тој начин ќе го надополнат буџетот што ќе се користи за подобрување на патиштата, неоспорен е фактот дека доколку се воведат предложените мерки, ќе има значителен пад на ентузијазмот за купување повеќе еколошки возила во Русија.

Конечно, ќе кажеме дека на почетокот на овој месец беше предложено зголемување на надоместокот за рециклирање на странски електрични возила, што има смисла со оглед на високите трошоци што ги сноси земјата увозник на возилото.

Авторите на овој предлог тврдат дека тоа нема да доведе до зголемување на транспортните цени за возилата кои не генерираат емисии на јаглерод при користењето (возењето).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои половни автомобили се најпопуларни на Стариот континент

Салонот во Детроит во Септември, а во Париз во Октомври годинава

Honda Civic Автомобил на годината во Северна Америка за 2022

Од 2030 година Mercedes нема да нуди каравани

SsangYong доби нов сопственик

Peugeot и дефинитивно се откажува од враќање на пазарот во САД

Непрофитабилните марки во Stellantis немаат светла иднина!

Кои половни автомобили се најдоверливи- по класи

И Bentley со рекордна година