Русија воведува квоти за „зелени“ автомобили

Денис Мантуров, првиот човек  на Министерството за индустрија и трговија на Руската Федерација, изјави дека неговата држава, почнувајќи од 2030 година, ќе воведе барање во структурата на продажбата да се воведе одреден процент што ќа биде покриен со еколошки возила, при што тука покрај електричните и водородните возила се миси и на возилата со погон на гас…

Со други зборови, производителите ќе бидат обврзани да продаваат одреден број „зелени“ автомобили, што е една од мерките за истиснување на конвенционалните возила од патиштата, оние што согоруваат фосилни горива, како што објасни министерот.

Според Мантуров, Русија „е целосно вклучена во процесот на зазеленување на планетата, па дури и сака да го диктира темпото во таа смисла, додека властите ќе започнат програма за финансиски стимулации за напуштање на проекти што се енергетски интензивни и не се соодветни на животната средина.

„ Министерот исто така истакна дека руската влада ќе дејствува претпазливо „обидувајќи се да го балансира влијанието на прашањата поврзани со екологијата и индустрискиот развој“.

Во текот на следните години, производството на водородни автобуси ќе биде организирано на територијата на Руската Федерација.

Power supply for hybrid electric car charging battery

Во тој контекст и Владимир Путин, претседателот на Русија, нареди производство на камиони и локомотиви со водородни горивни ќелии, а идејата е да се започне со нивно склопување во 2024 година.

Во моментот, познатиот производител на тешки комерцијални возила KamAZ се занимава со развој на автобуси од сегментот FCEV. Тестирањето на оваа новина, експертите, очекуваат да завршат до 2023 година.

Во зависност од брзината на изградбата на инфраструктурата, односно станицата за надополнување со водород, ќе започне сериско производство на големите комерцијални возила (шлепери и автобуси) е, а можеби дури и истата 2023 година.

Иако бројките во апсолутна смисла се сепак многу, многу скромни, треба да се каже дека пазарот за електрични креации на четири тркала во Русија е скоро двојно зголемен за време на пандемијата 2020 година (+ 95%).

Тука се точните бројки:  Во 2020 година беа испорачани вкупно 687 електрични автомобили на територијата на Русија, што е за 354 возила повеќе од рекордот во 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bentley со електричен SUV во 2025

До идниот понеделник бензите ќе се продаваат по „стара“ цена а дизелот поскапе

Tesla го одложи отворањето на фабриката во Германија

Niva Travel и Legend ќе се склопуваат на иста производна лента

Ford во Романија вложува 300 милиони долари

Dacia Duster доцни со ре-дизајнот!

VW Golf во март најпродаван автомобил во Европа- Кралот не се дава!

Alfa Romeo по трет пат избрана за „Најдобар бренд во сите класи“

Автономни возила веќе годинава на патиштата низ Б. Британија