Руска машина на три тркала – монструм на мраз!

Мотоциклот што се гледа на сликите е Ducati Hypermotard 1100… односно бил тоа пред да го земат под свое вештите раце на мајсторите од работилницата Balamutti во Русија и го претвориле во ѕвер на мраз на три тркала …

Внимателното око ќе забележи челичен „трелис” рам од Hypermotard моделот, еднострана вилушка и неговиот со воздух ладен агрегат.

Во име на вистината тука е и уште едно тркало на предната страна, турбо компресор, гуми со крампони и контроли кои како да се земени од своевиден вселенски брод.

Во Balamutti имаат големи планови со оваа машина на три тркала, a еден од истите е и настапот на популарната „Бајкалска милја”, фестивал на брзината врз мраз што секоја година се одржува во Сибир, во близината на границата со Монголија.

Креаторот на оваа машина Виталиј Селјуков имал куп  идеи, од кои и многу успешно ги применил на својата машина на две тркала.

Големи усилби Селјуков вложил во модификација на Garret GT35 турбо компресорот, и негово прилагодување на новиот агрегат.

Овој мотоцикл со три тркала по малу е „налудничав„ што мора а му се признае, но исто така претпоставуваме и дека ќе биде и многу забавен за возење, особено по замрзнати површини.

Кога малку ќе размислиме овој мотоцикл со три тркала визуелно потсетува на мотоциклот Niken на Yamahа.

Секако нас многу не интересира како овој мотоцикл од Селјуков нагалено наречен Yondu , ќе се однесува токму на мраз, односно како ќе мине на легендарната сибирска трка.

Без оглед на се, не се сомневаме дека без разлика на резултатот со самата појава ќе привлече големо внимание..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

PSA групацијата донира над 400.000 маски и друга медицинска опрема на болници во Европа

Polestar Percept нови детали и фотки – можна најава за електричниот SUV Polestar 3

Jaguar Land Rover против корона вирусот

Видео Црвено Ferrari што ви го одзема здивот и негова заштита од гребници

Фудбалерите на Баерн не го фаворизираат Audi, клубот со драстични казни

Составете си тркачка Toyota дома – во стилот седи дома

Место автомобили Seat произведува вентилатори за респиратори, а Lamborghin заштитни маски и визири

Лекарите бараат лимитирање на брзината во градовите на 30 км/ч

Видео: Mazda 100th Anniversary Special Edition