САД проверуваат 30 милиони возила поради потенцијално неисправни перници

Американската управа за безбедност во сообраќајот одлучи да провери 30 милиони возила поради потенцијално неисправни воздушни перничиња на јапонската компанија Тakata, покажува владиниот документ…

NHTSA ја започна анализата минатиот петок и ќе вклучува американски модели на возила произведени во периодот од 2001 до 2019 година. Истрагата ќе открие возила на околу 20 компании, меѓу кои и Honda Motor, Ford Motor, Toyota Motor, General Motors, Nissan Motor, Subaru, Tesla, Ferrari, Mazda, Daimler, BMW Chrysler (сега дел од Stellantis NV), Porsche Cars, Jaguar Land Rover…

Управата ги извести производителите на автомобили за истрагата, но не и јавноста. Автомобилските компании во неделата не сакаа да ги коментираат информациите за истрагата во пресрет на соопштението до медиумите или не одговорија веднаш на барањата за коментар. NHTSA одби да коментира.

Во Соединетите држави, во изминатите десет години беа повлечени повеќе од 67 милиони воздушни перничиња произведени од Тakatа, и повеќе од 100 милиони во светот, во најголемото безбедносно отповикување на производи во историјата на инспекциите.

Перниците се отповикуваат бидејќи во ретки случаи, парчиња метал може да излетаат („лансираат “) во околината, што може да биде смртоносно. Има најмалку 28 смртни случаи во светот поврзани со неисправните воздушни перничиња на Тakatа, вклучувајќи 19 во Соединетите држави и повеќе од 400 повреди.

Во САД, пријавени се 16 смртни случаи во возилата на Hondа, два во Ford и еден во BMW. Пријавени се и други смртни случаи во возилата на Hondа во Малезија, Бразил и Мексико. Причината за „експлозијата“ и повлекувањето на 67 милиони воздушни перничиња е распаѓањето на хемикалијата што го активира надувување на воздушните перничиња по продолжено изложување на високи температури и влажност.

Американската администрација побара повлекување на сите слични перници Таката во кои немаат ексикатор, средство за сушење. Претходно,  ова 2021 година NHTSA рече дека од 67 милиони перници што се отповикани, приближно 50 милиони се поправени или проблемот е решен на друг начин.

Возилата опфатени со новата истрага имаат воздушни перничиња со ексикатор (средство за сушење), и не се забележани случаи на пробивање на каросеријата на возилото додека возите со такви перници, бележи американската управа за безбедност во сообраќајот, според документот.

„Иако во моментов не е идентификуван безбедносен ризик, треба да се продолжи со работата за да се процени каков ризик може да претставуваат возилата со воздушни перничиња со ексикатор што не се повлечени во иднина“, соопштуваат од NHTSA. Истрагата „ќе бара обемни информации за производствените процеси на Takata и теренските истражувања на воздушните перничиња“, додаваaт од NHTSA.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Берлин петиција за законот за забрана на автомобили во поголем дел од градот

Монтирањето на WV ID,3 трае 30 часа а на Tesla Model 3 само 10 часа

VW Group ќе гради фабрика а батерии во Источна Европа

Тesla Cybertruck само за пазарот во САД

Renault 5 Prototype 5 ја освои наградата за концептен автомобил на годината

Почна производството на електричниот Volvo C40 Recharge

Нема чипови – нема производство во фабриките на Škoda во Чешка

Opel останува без погоните во Риселсхајм и Ајзенах

Најпродавани автомобили на Апенинскиот полуостров