SAIC Design R RYZR concept

R RYZR е невообичаен концепт во преминот од автомобил во мотоцикл и е дело на SAIC Design…

Компанијата рече дека концептот претставува „крајна симбиоза на човекот и машината“, бидејќи станува збор повеќе за возилото што го носите околу себе, наместо само да седите на него.

Концептот доаѓа со специјално дизајнирана јакна која мора да биде прикачена на седиштето пред да се запали и задвижи моторот.

Суспензијата и компонентите на управувачкиот систем се поставени на шарки кои овозможуваат наклонот на шасијата во свиоци, така што чувството е слично на возење мотор, а гумите се слични на оние на мотоцикл.

Стилот е мешавина од тркачки автомобил со отворени тркала и спортски мотоцикл.

R RYZR е електрично возило, што е видливо од порталот за полнење батерија одзади. SAIC Design не објави податоци за големината на батеријата или моќноста на електричната единица.

Директорот за напреден дизајн во оваа компанија, Карл Готам, изјави дека ова е визија за иднината на патување во урбани средини.

„Со истражување на неконвенционалното, ова отклучува нови начини на транспорт во иднина, нови искуства и нови емоции“, рече Готам.

SAIC Design е дизајнерско студио на MG, Roewe и новиот кинески бренд R, а седиштето е во Лондон.

Студиото беше отворено во септември 2018 година и оттогаш направи неколку концептни возила, од кои едното е концептот MG Cyberster.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toyota Land Cruiser LEGO во сооднос 1:1

Techart Porsche 911 Police

Електрична Lancia Delta Integrale настапува воWorld RX шампионатот

Hennessey го испорача првиот Venom F5  и тврди дека може да јури со 500 км/ч

BMW М GmbH во чест на јубилејот се враќа на стариот беџ

Porsche планира голем crossover со три реда седишта

Електричен Калашников UV 4

Lancia Aurelia Outlaw European CSL

Alpha Saga