Сајнц освои втора етапа од шесте досегашни на годинешниот Dakar

Рели шампионот од Шпанија е првиот возач што на годинешново издани на Dakar Rally победил во две етапи навестувајќи дека е во форма како во најдобрите денови и дека е сериозен кандидат и за севкупен победник годинава на најтешкото рели …

Карлос Сајнц (Carlos Sainz), двоен WRC светски шампиони двоен победник на  Dakar Relly е првиот возач со две етапни победи на актуелниот Dakar.

Саинц во Mini баги бил најбрз на 250 km долгиот специјал, со што овој 58 годишен Шпанец потврди дека е во топ форма и дека вози како момче, остварувајќи предност во однос на второпласираниот возач на Toyota Насер Ал Атијах (Naser Al-Attiyah), во генералниот пласман, по пет етапи, од речиси шест минути.

Стефан Петерхансел (Stephane Peterhansel) и понатаму е на третата позиција, но покрај проблемите со дупнати гуми, сега доцни повеќе од 17 минути зад Сајнц.

Во конкуренција на мотоциклисти, ситуацијата е многу возбудлива бидејќи разликите помеѓу водечките се мали па ситуацијата секојдневно се меенува, односно можни се целосни пресврти.

На петата најбрз бил Рики Брабек (Riky Brabec), фабрички возач на KTM,  втор – Пабло Квинтанила (Pablo Quintanilla) на фабричка Husqvarnа, a трет Ендру Шорт (Andrew Short), исто та на фабричка Husqvarnа, додека Брабек на Hondа стасал четврт.

Меѓутоа сите четиримина низ целта минале во три минути временска рамка, па така во генералниот пласман и понатаму битката се одвива помеѓу  во моментов првопласираниот Брабек на Hondа и и Прајс (Price) на KTM, односно вториот возач на Honde  Кевин Бедавидес (Kevina Benavides).

Сите тројца се „сместени“ во временска рамка од девет минути, што на ваков вид на натпревар многу лесно може и да се зголемат но и да исчезнат.

Кај „тешкашите“ – камионите Русот Андреј Каргинов просто лета со својот Кamaz, исто како и Сајнц кај возачите на автомобили.

Моќните машини со умеењето на возачите на Kamaz- Русите и на годинешниот Dakar е супериорни и ги заземаат првите две места во генералниот пласман.

Aндреј Каргинов има предност од без малку 15 минути, а во кабината му помагаат Мокеeв (Mokeev) и (Leonov).

Инаку на Каргинов ова му е осми Dakar a во 2014 година и победил во Јужна Америка, а оваа, петта етапа ја доби неговиот тимски ривал Сотников.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Милиони животи да се спасат на патиштата“- Жан Тод

Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !

Скроен планот за старт на Formula 1 сезоната!

Нашите Твинговци со два тима во ТОП 10 на трката во издржливост на Endurance Race LEMA Гробник 

Македонските „Твинговци“ со фантастичен настап на „Гробник“

АКК Рено Спорт ја стартува втората сезона на  Twingo Cup  со интернационален трка на „Гробник“

Toyota ја претстави унапредената GR Supra за 2021 со 387 КС

Ferrari го претстави својот нов болид – SF1000

Carlos Sainz, Ricky Brabec и Andrey Karginov „кралеви“ на Dakar 2020