Saleen го прославува својот 40-ти роденден со специјално издание од шестата генерација на Mustang.
Станува збор за двосед SA-40 Speedster, кој ќе биде произведен во само десет примероци, ќе носи кит на каросеријата Saleen, додека ќе го придвижува тјуниран бензински мотор со осум цилиндри поставени во конфигурација во форма на латинската буква V. Главниот лик на оваа „приказна“ Saleen SA-40 Mustang Speedster Anniversary Special моделот доаѓа по минатите „роденденски специјалци“ и директно го наследува SA-35 од 2018 година.
Сите примери ќе бидат обоени во жолта боја на Speedlab во комбинација со црна графика. Надворешноста е многу слична на другите Mustang модели од работилницата на Saleen при што се истакнуваат изведбите на новите браници, потоа на праговите, како и на калници и на хауба со отвори, и на тоа додадените затемнети фарови.
Сепак, лесните бандажи со пет краци се единствени наменети за изведбата SA-40.Ова исто така важи и за уникатниот капак и прстените од јаглеродни влакна над потпирачот за глава. Внатрешноста на двоседот е обложена во црна кожа со бел конец, бели и жолти детали. Тука може и да се наведе дека SA-40 го дели најголемиот дел од своите основи со Saleen 302 Black Label, што значи дека е придвижуван од 5,0-литарски Coyote V8 мотор со суперполнач кој произведува 800 КС и 915 Nm максимален вртежен момент.
Подобрувањата вклучуваат суспензија на Racecraft и сопирачки специфични за Saleen.
На крајот за цената на ова специјално издание која изнесува 142.000 американски долари, што сепак не е многу за посебно издание на Ford Mustang од страна на Saleen.