По неколку одложувања и откажувања во текот на 2020 и 2021 година, салонот за автомобили во Детроит ќе се одржи оваа година и тоа кон крајот на летото и почеток на есента, во септември…
Поточно, организаторите го најавуваат саемот во периодот од 14 до 25 септември 2022 година, а 14 и 15 септември се резервирани за претставници на медиумите.
Да потсетиме, последниот саем во Детроит се одржа во јануари 2019 година.
Салонот за автомобили во Париз е потврден за оваа година, а истиот би требало да се одржи од 17 до 23 октомври.