Saloon Mecha Dragon

Како кус увод ќе кажеме дека Saloon е новиот електричен под-бренд на кинеската компанија Great Wall Motors (GWM), а Mecha Dragon е нивниот електричен фастбек претставен на овогодинешниот автомобилски саем во Гуангжу…

Погонот го обезбедуваат два електромотори со вкупна моќ од 405 kW / 550 КС и 750 Nm максимален вртежен момент.

Со едно полнење на батеријата со капацитет од 115 kWh опсегот изнесува до 802 km, а со полнење од 10 минути е доволно да се обезбеди уште 401 km возење ( според тоа што го наведуваат од фабриката).

Освен тоа, се издвојуваат ултра широкиот информативно – забавен систем, целосно дигиталната табла со инструменти, воланот е со две краци, LED амбиенталното осветлување, четирите LIDAR, како и бројните камери и сензори за напредни системи за помош на возачот.

Покрај тоа се наведува и дека Mecha Dragon Saloon ќе биде направен во ограничена серија од само 101 примерок, секоја по цена од 488.800 јуани (67.500 евра).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toyota Land Cruiser LEGO во сооднос 1:1

Techart Porsche 911 Police

Електрична Lancia Delta Integrale настапува воWorld RX шампионатот

Hennessey го испорача првиот Venom F5  и тврди дека може да јури со 500 км/ч

BMW М GmbH во чест на јубилејот се враќа на стариот беџ

Porsche планира голем crossover со три реда седишта

Електричен Калашников UV 4

Lancia Aurelia Outlaw European CSL

Alpha Saga