Станува збор за мобилен телефон од најновата генерација на Galaxy S23 Ultra BMW M Edition
Новиот производ е резултат на соработка помеѓу Samsung, BMW и локалниот мобилен оператор. Како што наведовме во поднасловот на информацијата станува збор за Galaxy S23 Ultra BMW M Edition, кој оддава почит на култната „коцка“, BMW E30 претставена во 1986 година.
И додека кутијата има врска со коцката, самиот мобилен е поврзан со некои понови производи. Куќиштето на мобилниот телефон е инспирирано од капакот на моторот (хаубата) а користи и мотивот на големите „бубрези“ од актуелната генерација на BMW M3, пишуваат светските информативни агенции.
Пакетот доаѓа и со шест посебни амблеми за приврзоци кои се одвојуваат, минијатурен воздушен компресор, аналоген часовник и држач за очила за сонце.
Нарачателот добива и постер, метален амблем „Ние сме М“ („We are M“) и ред други детали.
Но мора да се напомене дека Galaxy S23 не е евтин, а во оваа верзија е уште поскап.
Специјална серија во серија од 1000 примероци ќе биде достапна на корејскиот пазар по цена од околу 1300 евра.
Добрата вест е што клиентот добива и ваучер за посета на Возачкиот центар на BMW во Инчеон.