Sаubеr и Alfa Romeo продолжуваат заедно како Alfa Romeo racing

Двата легендарни бренда од светот на мотоспортот се враќаат како еден тим на најпрестижното мото натпреварување во светот

На светскиот шампионат во Formulа 1 за 2019 година двата бренда што се помеѓу тие со најдолга историја во мотоспортот – Sauber и Alfa Romeo, ќе се вратат на патеките ширум светот со светскиот шампион од 2007-ма, Кими Раиконен (Kimi Räikkönen) и младиот Италијанец Антонио Џовинаци (Antonio Giovinazzi) кои ќе возат за тимот Alfa Romeo Racing, претходно познат како Alfa Romeo Sauber F1.

Една година по основањето на 24 јуни 1910 година, Alfa Romeo дебитира на официјално натпреварување освојувајќи прва трка на мерење време во Модена. Од тогаш спортската легенда за овој бренд се градела со низа победи и пласмани меѓу првите три на многу меѓународни шампиони меѓу кои и Formulа 1.

Во 2019 година, болидот на Alfa Romeo Racing тим ќе ја понесе детелината со четири листа, ознака што својот углед го стекна низ историјата и која од 1923 година е симбол за најбрзите Alfa Romeo модели.

Долгорочното партнерство помеѓу компанијата  Sauber и брендот Alfa Romeo како главен спонзор е започнат 2018 година. Во изминатата година тимот постојано напредувал и шампионатот го заврши на осмо место во генерален пласман на тимови.

Периодот на соработка продолжува, при што сопствениците и раководителите на компанијата Sauber останале непроменети и независни.

Како тим Alfa Romeo Racing, цели кон постигнување на натамошни амбициозни резултати на натпреварот кој е врв на мотоспортот.

Фредерик Васер (Frédéric Vasseur), директор на тимот Alfa Romeo Racing: „Го имам задоволството да најавам дека поаѓаме на Светскиот шампионат во Formulа 1, 2019 година под име Alfa Romeo Racing. По започнување на соработката со нашиот главен спонзор, брендот Alfa Romeo, во 2018 година, нашиот тим фантастично напредувал во техничка, комерцијална и спортска смисла. Тоа ја зголеми мотивацијата на секој член на тимот, и во пит-стопи во седиштето во Швајцарија, бидејќи видовме како вредната работа што ја вложивме се рефлектира низ нашите резултати. Продолжуваме со намера да го развиеме секој сегмент на нашиот тим, едновремено овозможувајќи нашата страст, што ја негуваме кон трките, технологијата и дизајнот, да не турка напред.“

Мајк Менли (Mike Manley), извршен директот на FCA:„Alfa Romeo Racing претствува ново име со долга историја во Formulа 1. Горди сме соработуваме со компанијата Sauber на донесување на традицијата на техничка извонредност и италијанскиот елан што Alfa Romeo ги поседува во самиот врв на мотоспортот.

Не дозволувате да ве измамат:  со Кими Раиконен и со Антонио Џовинаци од една страна на пит – стопот и експертите од компаниите Alfa Romeo и Sauber од друга страна, ние сме тука да се натпреваруваме.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монца под итно бара 60 милиони евра за опстанок во F1 календарот!

Renault Megane R.S. Trophy-R напад на рекордот на Hondi Civic Type R на Рингот!

Во Twingo CUP Eurocup од годинава и Македонија

Superb IV генерација во 2021 ќе биде премиум Škoda

Форд открива ново искуство со линијата на електрични возила „Go Electric”

Jaguar J -Pace со хибриден PHEV погон

Opel се фокусира на рели со ADAM и следната Corsa

Возачите на Alfa Romeo Racing F1 Team

Volkswagen ID. R најави уривање на рекордот на Nürburgring зa EV!