Се интензивира производството на EV во Индија

Индија сериозно пристапи кон енергетската транзиција, за што сведочат се повеќе соларни електрани, но и зголемениот број на електрични возила на две тркала, три тркала и автомобили на четири тркала…

Продажбата на електрични автомобили во Индија е тројно зголемена за помалку од една година, пишуваат индиските медиуми.

Во април годинава во Индија се продадени 14.179 електрични возила, а во септември дури 34.349.

Владата на Индија е решена да ги направи електричните автомобили попристапни за да можат повеќе луѓе да се одлучат за нив.

Покрај намалувањето на даноците за набавка на ЕV во однос на бензинот и дизелот, Владата најави и субвенции во вредност од три милијарди евра за производство на електрични возила.

Најголемиот индиски производител на автомобили, Tata Motors, најави производство на уште 10 модели на електрични автомобили што треба да пристигнат до 2026 година.

Производителот на автомобили од Мумбај веќе го произведува најпродаваниот модел на електрично возило во Индија, Tata Nexon EV, а неодамна претстави уште еден модел на батерии – Tata Tigor.

Од компанијата најавија дека нивните модели во иднина ќе бидат опремени со поголеми батерии со цел да постигнат поголем опсег, но ќе бидат и значително поевтини од моделите на повеќето светски производители.

Најпродаваниот модел на електричен автомобил во Индија е Tata Nexon кој со полна батерија може да помине 312 километри. Овој електричен SUV се смета за нај безбедниот EV достапен на индискиот пазар поради двојните воздушни перничиња и заштитената батерија што му овозможува на возилото да се движи на поплавен или многу правлив терен.

Брзиот полнач може да наполни до 80 проценти од капацитетот на батеријата за еден час, а од нула до 100 km/s забрзува за 9,9 секунди.

Овој модел може да се купи за 16.000 евра, додека неодамна претставениот Tata Tigor чини околу 13.000 евра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Lada во Октомври ја зголеми продажбата во Европа!

Tesla отповикува 7600 возила во САД

Renault Sport го затвора профилот на социјалните мрежи!

Audi e-tron GT прогласен за најубав автомобил на годината

Volkswagen ќе учествува во најголемиот и најбрз циркус на тркала F1

KIA со рекорден пазарен удел во Европа и најдобар трет квартал во сторијата

Од Polestar со најава за три електрични автомобили до 2024 година

Цената на бензините одат долу, на дизелот расте

Ford Bronco можеби и на пазарите на Стариот континент