Се очекува експанзија на Aurus на пазарите во Азија!

Производителот на рускиот супер луксузен автомобил Aurus ги гледа салоните во Шангај и во Пекинг како прв чекор во освојување на со голем потенција, азиски пазар …

На Блиско источните клиенти, кон крајот на февруари, тековната 2019 година, во Абу Даби им го покажавме нашиот супер луксузен автомобил. Го покажавме и на европските клиенти, во март тековната 2019 година, на салонот за автомобили во Женева. И тоа, во секој случај, не претставува крај на нашиот пат.

Планираме излез на големиот азиски пазар кој рапидно расте особено во сегментот на супер автомобили и на луксузни и блиндирано возила .

Ќе почнеме така од салонот за автомобили, за сега не сме одлучиле од кој, дали Пекинг или Шангај, рекол Герхард Хилгерт, генералниот директот  на OOO Aurus, во својата изјава пред да започне манифестацијата во Шангај.

Потсетуваме, Европа, за првпат во Женева ги виде лимузините Aurus Senat L700 и седна Aurus Senat S600.

Продажбата на автомобилите во странство нема да започне пред 2021 година, Вели Хилгерт.

„ Засега бараме странски дилери,имаме уште време. Фабриката во Татарстан со полна шареа ќе почне да работи во 2021 година.

Тогаш ќе се појават и доволни количини на возила и можност автомобилите да се продаваат во странство.

Во моментов Aurus се произведува во Москва, додека пак, масовно производство треба да се организира во фабриката Sollers во Алабуга Татарстан, кога, според сегашните планови, годишно ќе се произведуваат до пет илјади автомобили.

Aurus е инаку пазарно име за проектот  „Кортеж”, е семејство на автомобили од  deluks класа сочинето од лимузина, седан, мини вен и теренско возило.

Проектот го реализираат  државниот институт  NAMI во соработка со грипата Sollers и странски партнери.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Audi TT со средишно вграден мотор!

Krugger FD- уникатен ретро автомобил со модерн стил и 760 КС

Парламентот во Германија пресече на Autobahn и натаму без лимит на брзина

Најавен Morris JE – електрично комерцијално возило

Од Waymo најавија автономно возила без контролен возач!

Пристигнува Porsche што лета!

Renault со конкурент на Tesla и VW

И Punto би заживеал повторно ако Fiat се здружи со Renault

Peugeot потврди pick -up камионет !