Се планира најмоќниот перформанс SUV на Баварците

BMW допрва ќе го промовира моделот X8, а некои медиуми веќе во овој момент се „занимаваат“ со неговата спортска верзија М…

Тука треба да се потсетиме на претходните информации дека BMW поднесе барање за заштита на името Х8 М на крајот на март.

Според некои претходни најави, обичниот BMW X8 (проект со кодно име G09) може да се очекува во текот на 2021 година, со голем дел од компонентите да се споделуваат со X7.

Во гамата се очекува да бидат вклучени бензински и дизел мотори со шест цилиндри, како и приклучна хибридна верзија на X3 M50i со 523 КС (комбинација од 4,4-литарски V8 бензинец и електричен мотор).

Сепак, она што привлекува посебно внимание се токму информациите за спортскиот модел X8 M, чиј изглед може да се очекува во текот на моделската 2022 година.

Во однос на X8 M се подразбира поагресивен лик со aero body kit, M алуминиумски тркала, спортско потпирање, и спортски сопирачки, нов издувен систем, како и рафиниран ентериер со спортски седишта и волан.

Некои гласини исто така велат дека X8 M ќе има хибриден погонски систем со вкупно 750 КС (4,4-литарски V8 TwinTurbo мотор и електричен мотор), со емисија на СО2 помалку од 100 грама на км.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Nissan Note и официјално дебитира

Volkswagen ID.5 само за Европа

Во Кина дебитираше освежениот Jeep Compass

Nissan Note дебитира утре

Kia Sorento Yosemite Edition и  Sorento Zion Edition

Уловена Kia Sportage 2022

BYD D1

Пристигнува електричен VW I.D. Vizzion concept

Elation Freedom супер спортист на струја